ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сугарески: Активности за изградба и модернизација на целата патна траса на Коридор 8

авното претпријатие „Државни патишта“ врши подготовка за санација на патниот правец од граничен премин Ќафасан до Струга, активно се одвива изградбата на автопатот Охрид-Кичево, се врши проектирање за градба на нов автопат од Кичево до Гостивар, ЈПДП заврши со рехабилитација на возната лента на автопатот Тетово-Скопје, завршена е рехабилитација на автопатот од Скопје до Куманово, се гради нов експресен пат Ранковце-Крива Паланка и започнува рехабилитација и изградба на трета лента од Крива Паланка до граничен премин со Република Бугарија, Деве Баир

February 6, 2020 15:37
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Со цел подобрување на условите за транспорт на луѓе и стока на Коридорот 8 на терен се работи по должина на целата траса. Наша стратешка определба е изградба и модернизација на коридорот, рече министерот за тарнспорт и врски Горан Сугарески на денешната свеченост по повод  стартот на активностите за рехабилитација на патот Крива Паланка-Деве Баир.

Јавното претпријатие „Државни патишта“ врши подготовка за санација на патниот правец од граничен премин Ќафасан до Струга, активно се одвива изградбата на автопатот Охрид-Кичево, се врши проектирање за градба на нов автопат од Кичево до Гостивар, ЈПДП заврши со рехабилитација на возната лента на автопатот Тетово-Скопје, завршена е рехабилитација на автопатот од Скопје до Куманово, се гради нов експресен пат Ранковце-Крива Паланка и започнува рехабилитација и изградба на трета лента од Крива Паланка до граничен премин со Република Бугарија, Деве Баир.

– Ова е начинот како една Влада силно и посветено работи на подобрување на инфраструктурата во државата, низ овие две години направивме пресвртница и ја вративме земјата на патот на просперитетот,  потенцира Сугарески.

Тој потенцираше дека паралелно се работи на изградбата на железничкиот дел на Коридор 8, со јасни цели дека изградбата на пругата кон Бугарија е неопходна за брз развој на земјата и поврзување со источните пазари.

-Градбата на пругата до Бељаковце се одвива забрзано и очекуваме до крајот на годината или почеток на 2021 да биде завршена, се работи паралелно на тендерската постапка за втората делница, до Крива Паланка и до крај на 2020 очекуваме да склучиме договор со изведувач. Обезбедивме и 60 милиони евра за изградба на третата делница од Крива Паланка до Деве Баир и верувам со вакво темпо ќе ги запазиме сите рокови што се обврзавме со меморандумот за железничко поврзување со Бугарија и пругата конечно ќе се изгради,  информира Сугарески.

Патниот правец Крива Паланка –Деве Баир во должина од 13 километри ќе се рехабилитира комплетно по должина на двете постојни ленти, а на дел од трасата ќе се догради трета лента.

– Предвидената рехабилитација и реконструкција е поделена на три делници, од нулти до 2,5 километри, каде има чиста рехабилитација поради тоа што патот минува низ населени места, втора подделница до осми километар е предвидено проширување со трета лента со ширина од 10,35 метри, а овој дел ќе почнува со трокрака крстосница со трета лента и комуникација со приватните објекти, третиот и четвртиот километар предвидуваат напуштање на постојниот пат и изградба на нова траса со пресек со Крива Река каде ќе се градат нови мостови и се прави девијација на речното корито, со цел избегнување на црните точки кои досега биле причина за многу сообраќајни незгоди. Постојниот мост кај село Жидилово ќе се реконструира, а останатите два моста ќе се срушат и ќе се изградат нови, информира Китанов.

 

Next Post

Сајбер нападите се сериозни кривични дела и треба да се санкционираат

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk