Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенбег, одржува прес конференција во пресрет на состанокот на министрите за одбрана на НАТО, кој ќе се одржи на 14 и 15 февруари во Брисел.
„Путин не може да победи. Неговата победа би значела охрабрување на голем број авторитарни режими да заочнат војни за освојување на територии. Времето е клучен фактор. Брзата реакција на НАТО во поддршка на Украина, ќе спаси животи“, рече, меѓу другото, генералниот секретар на НАТО.
Тој ја информира јавноста дека војната во Украина ги намалува залихите на муниција. Според неговите зборови, НАТО е во блиска соработка со ЕУ за продолжени инвестиции во воената индустрија и јакнење на безбедноста, меѓу другото и на подводната инфраструктура.
Нема сигнали дека Путин е спремен за мир. Тоа што може да се види е дека тој продолжува да испраќа нови трупи во Украина, продолжува да трупа оружје и очигледно прифаќа голем број жртви на боиштата.
„Војните се опасни. Опасни нешта се случуваат за време на војните“, рече Столтенберг одговарајќи на новинарско прашање за инцидентот со рускиот проектил во Молдавија.
Тој кажа дека НАТО прави напори да спречи проширување на конфликтот надвор од границите на Украина.
НАТО ја поддржува Украина и нејзиното право на самоодбрана, додаде Столтенберг.
Извор: Цивил Медиа