ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Собранието ги усвои ратификациите на законите од Отворен Балкан

February 13, 2023 13:40
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието ги усвои ратификациите на законите од Отворен Балкан со кои се овозможува отстранување на работните дозволи и слободен пазар на труд за граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија, извести во објава на Фејсбук, Марјан Забрчанец, Националниот координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи.

„Честитки за сите, ова голем ден за македонската и регионалната економија. Благодарност до одговорните пратеници кои гласаа ЗА“, истакна Забрчанец.

Како што е предвидено, рече Забрчанец, во текстот „Регионалниот пазар на трудот како придобивка на Отворен Балкан ќе донесе и раст на платите“, Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан и Договорот за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан ќе им овозможат на граѓаните од трите земји да работат во која било од нив без посебни работни дозволи, без какви било бариери, без аплицирања и чекања, без административни трошоци. Дополнително олеснување ќе обезбедат и договорите за признавање на дипломи и професионални квалификации.

„Огромен е интересот кај бизнис секторот за оваа економска поволност. Постојано добиваме повици од стопанските комори и фирмите од трите држави, бараат час поскоро да почне да се спроведува мерката. Најзаинтересирани се компаниите во ИТ секторот, туризмот и приватното здравство, како и одредени угостителски гранки кои со ова ќе можат да привлечат работници и да отворат нови работни места“, истакна националниот координатор за Отворен Балкан и регионални иницијативи Забрчанец, пред изгласување на ратификациите на законите од Отворен Балкан во Собранието.

Собранието денеска, во рамки на 103. седница, донесе повеќе одлуки: за разрешување и избор на членови на Советот за научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република”, за именување претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври”,  за распишување јавен оглас за назначување претседател и членови на Советот за граѓански надзор, за објавување јавен оглас за именување на член на Комисијата за заштита на конкуренција, како и за објавување јавен оглас за именување член на Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Пратениците ги донесоа и одлуките за објавување јавни огласи за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, за избор на членови на Државниот совет за превенција на детско престапништво, за избор на заменик-директор на Агенцијата за заштита на личните податоци, како и за избор на здруженија од областа на човековите права, полициското право и правосудството за механизмот за граѓанска контрола во состав на Народниот правобранител.

Донесена беше и Одлуката за изменување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со парламенти на други држави.

На дневен ред беа и Предлог-законот за ратификација на Договорот за техничка соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Јапонија, како и Предлог-законот за ратификација на Протоколот за вода и здравје на Конвенцијата од 1992 година за заштита и користење на прекуграничните водотеци и меѓународни езера, но за нив не се расправаше зашто, како што објасни претседателот на Собранието Талат Џафери, не се поминати на соодветните собраниски комисии.

Откако дневниот ред беше исцрпен до 12. точка, Џафери ја прекина седницата и даде десет минути пауза за пратениците да се подготват за продолженијата за 99. и 84. седница. Продолжението на 103. седница, рече, ќе биде дополнително закажано.

Пратениците ја почнаа седницата со оддавање почит на настраданите во земјотресите во Турција и Сирија, со едноминутно молчење.

 

Tags: Отворен БалканратификацијаСобрание
Next Post

Енергетската мрежа на Украина ги задоволува потребите за електрична енергија

Shortcut

Најново

Тернопил, 15 октомври 2026 (ДСНС)

Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Тужбите против OpenAI во САД: Што е потврдено, а што останува на ниво на обвинение?

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Се снајде на туѓа сметка

October 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk