ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Курти: Доколку го одбиевме предлогот, ќе влезевме во конфронтации со сојузниците

February 13, 2023 15:26
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Косовскиот премиер Албин Курти денеска на седницата на Собранието на Косово, на која го поднесува извештајот за дијалогот меѓу Косово и Србија, изјави дека е прифатен француско-германскиот предлог, бидејќи во спротивно Косово ќе влезе во конфронтација со сојузниците, пренесе Бета.

Курти пред пратениците нагласи дека на состанокот на 20 јануари во Приштина меѓународните емисари јасно ставиле до знаење дека овој предлог е многу блиску до форматот „земи или остави“.

„На 20 јануари 2023 година, меѓународните емисари кои го придружуваа посредникот (ЕУ Мирослав) Лајчак, односно американските, германските, француските и италијанските емисари, ми дадоа некои позиции на овој последен состанок. Тие јасно ми ставија до знаење дека главниот Предлог е близок до форматот „остави го или земи го“, рече Курти.

Тој додаде дека нема да се дозволи да се преговара.

„Нивниот став беше дека целиот дипломатски и политички апарат на земјите од кои доаѓаат емисарите е поставен во поддршка на членството на Косово во меѓународните организации и не можеме да очекуваме ‘не’ од Косово бидејќи ќе влеземе на патот на конфронтација со нив“, рече Курти.

Според него, владата на Косово го изградила својот стратешки пристап кон дијалогот врз две првични цели, од кои едната била да се прекине практиката на вклучување на секое потенцијално спорно прашање меѓу страните во дијалогот.

Курти во своето обраќање пред пратениците рече и дека Заедницата на општините со српско мнозинство (ЗСО) не може да се формира доколку не се почитуваат шесте принципи што ги изнесе на претходната седница на косовскиот Парламент.

Зборувајќи за содржината на француско-германскиот предлог, Курти рече дека тој првпат е фокусиран на надворешните односи на Косово и дека има јасна вредност и универзален јазик.

„Предлогот го дефинираше признавањето на страните и принципот на територијален интегритет. Предлогот вклучуваше откажување на Србија од опструкцијата на Косово во која било меѓународна организација. Предлогот вклучуваше признавање на документите вклучително и пасошите. Предлогот содржеше две норми поврзани со правата на српската заедница. А, во последната точка беше утврдено правилото за спроведување на постигнатите договори“, рече косовскиот премиер.

Курти рече дека тој и владата на Косово сметаат дека предлогот е добра основа за продолжување на дијалогот и постигнување договор.

„Предлогот првпат предвидува фактичко признавање на страните. Тој содржи конечен договор за меѓусебно признавање кој треба да се постигне во блиска иднина“, рече Курти.

Tags: Албин КуртиКосово и Србија
Next Post

Маричиќ: Паѓаат работните дозволи за граѓаните од Отворен Балкан

Shortcut

Најново

Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk