ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Влада за деблокада

February 14, 2023 12:19
in PMD, ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ

Пишува: Љубиша НИКОЛОВСКИ

Со кратки но интензивни преговори премиерот Димитар Ковачевски успеа да формира Влада со партии кои ја ставија иднината на земјата пред тесно партиските интереси.

Лидерите, партиципиенти во преговорите, ги оставија зад себе суетите и тековните недоразбирања и формираа мнозинство што гарантира функционално Собрание што ќе ги одблокира законите од интерес за граѓаните, а кои беа заглавени од (во најмала рака) инаетот на ВМРО-ДПМНЕ. Инает зад кој можеби стои нешто поголемо и чии корени се некаде надвор од оваа македонска држава.

Затоа новопредложената за Влада, не само што е Влада за деблокада, туку е Влада што веројатно ќе ја води државата низ предизвиците што стојат пред неа, соочувајќи се со енергетската криза, економскиот развој и секако со европската иднина на своите граѓани.

Нема да биде чудо ако тоа не биде само до изборите, туку и по нив. Кога и да бидат тие.

Последниот предизвик, членството во ЕУ, без сомнение беше и кохезивното јадро што како центрипетална сила ги исфрли надвор во орбитата индивидуалните разлики што постоеја, како компетитивност меѓу партиите во тоа кој е подобар во спроведувањето на идеолошките матрици врз кои ја граделе партиската програма.

Во овој даден геостратешки моментум за државата, тие стануваат свесни дека тие разлики можат и да почекаат извесно време и на тој начин го затворија и прашањето за предвремени избори како лајт мотив со кој е обременета ВМРО-ДПМНЕ.

Токму овој државнички сенс е малата „ситница“ што постојано му недостига на ВМРО-ДПМНЕ. Филозофски речено, „од дрвјата не можат да ја видат шумата“. Но во јавноста  сè повеќе се јавува сомнежот дека оваа партија не го прави тоа несвесно или од политичка незрелост, туку дека во сето тоа има зла намера.

Нема друго објаснување фактот дека токму „најмакедонската“ партија всушност се однесува „најбугарски“ кога станува збор за запирање на европскиот пат на нивната татковина со истата алатка, „ветото“, што со години и го поставуваше Бугарија.

Оттаму и формирањето широк проевропски фронт на партии, во кој патем останува и Алтернатива, па и Беса, што ќе ги згусне редовите и ќе се обиде да изврши рационален, внатрешен притисок врз пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, за да не дозволат оваа партија да стане маргинална политичка сила во чија историја ќе остане дамката дека некогаш под неразумното раководство ја оставило државата и Македонците на цедило.

Влезот на Алијанса за Албанците во Владата ја запечати надежта и сериозно ја разниша самоувереноста на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, дека „само што не профункционирало новото парламентарно мнозинство“, со кое тој се надеваше дека ќе издејствува предвремени парламентарни избори.

Затоа собраниската расправа по реконструкција на Владата е полна со горчина во говорите на пратениците од опозицијата, кои повеќе се насочени кон Алтернатива која во последен миг влезе во Владата, но уште повеќе кон Алијанса за Албанците со која се надеваа дека ќе издејствуваат предвремени избори и со која веројатно сакаа да формираат Влада.

Но АА многу бргу се дистанцираше од политичките ставови на ВМРО-ДПМНЕ кои почнаа да се радикализираат на национална основа и да се оддалечуваат од европската перспектива на Македонија. Со тоа на раководството на ВМРО-ДПМНЕ требаше да му стане јасно дека „играта заврши“.

Како „однесено од виорот“ звучат апелите на Александар Николовски, власта да свика седница на која Сообранието ќе се самораспушти. Па нели е тоа работа на опозицијата која тврди дека има мнозинство за тоа да го изгласа. Не еднаш и спикерот Талат Џафери ги повикувал пратениците од опозицијата да поднесат иницијатива која тој веднаш ќе ја стави на гласање.

Сега на располагање на Левица и на ВМРО-ДПМНЕ во формирање опозициско мнозинство им се придружи и вечниот „седач“ на две столици, Демократскиот Сојуз на Павле Трајанов. Можеби тој ќе го пополни испразнетото место на Алијанса за Албанците, и ќе го зајакне опозицискиот фронт.


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Рацин.мк

Tags: Владареконструкција
Next Post

Трајанов не гласал за ФРОНТЕКС поради седница на ДС, засега не планира коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

НАЈНОВО

Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

August 18, 2025

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk