Иако НАТО сојузниците се во трка да ѝ помогнат на Украина во нејзината одбрана од руската агресија, истовремено прави силни напори да ги надополни сопствените резерви на оружје, муниција, опрема и воени материјали. Тоа е една од поентите на денешната прес конференција на американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, по завршувањето на Состанокот на министрите на НАТО во Брисел кој започна вчера утрото и заврши денеска попладне.
„Нема да дозволиме да бидеме вовлечени во војната на Путин која самиот ја избра. Но никогаш нема да се поколебаме ниту во одбраната на Алијансата, нејзините народи и територијата“, рече Остин, истакнувајќи ја силната посветеност на САД кон членот 5 од Основачката спогодба на НАТО, според која напад на една држава членка се смета за напад против сите.
Остин ја истакна решителноста и гордоста на САД да работи заедно со Алијансата во одбрана на силите на слободата и градењето побезбеден свет.
Од Брисел: Џ. Дерала