Пресвртите во односите меѓу Бугарија и Северна Македонија се во интерес на руските цели. Ова на БТВ го изјави поранешната советничка на премиерот на Бугарија, Кирил Петков, Весела Чернева.
„Секој таков пресврт во билатералните односи не само што го оневозможува вклучувањето на Бугарите во уставот, туку игра и во интерес на руските цели“, рече Чернева.
„ЕУ ќе ги регулира односите меѓу Бугарија и Северна Македонија кога ќе почнат да преговараат за нивниот пристап. Северна Македонија сè уште не ги започнала преговорите бидејќи имаше услов Бугарите да бидат вклучени во уставот. Оваа промена се уште не се случила, за неа се потребни се две третини од гласовите на македонскиот парламент“, објасни Чернева.
Според неа, имињата на „бугарските клубови во земјава се избрани на тој начин што ќе ја испровоцираат другата страна“.
„Кога отворате клуб за да биде мост за затоплување на односите, не го правите тоа да ја навреди другата страна“, рече таа. Според неа, на пример, името Цар Борис Трети ги потсетува Македонците на Втората светска војна, кога имало окупаторски трупи од Бугарија.
„Историски, секој има своја чувствителност. Овде се поставува прашањето што прави дипломатијата, бидејќи тоа е нејзината задача – да гради мостови и да ги решава проблемите пред тие да станат физички“, смета таа.