Тимот од Скопската противпожарна бригада која што беше во Турција е веќе вратена во Македонија. За тоа каква е состојбата таму за „24 Инфо“ кратко раскажа еден од пожарникарите .
„Од Скопје тргнавме екипа од петмина пожарникари-спасители, кои без размислување прифатија да помогнат. По поминати 2000 километри стигнавне во градот Санлиурфа каде што бевме сместени. Секојдневно патувавме по три часа во правец до местата каде што бевме ангажирани. Првично работевме во Инслахија, таму не распределија турските служби. Потоа бевме ангажирани и во Адијадија каде што спиевме во шатори. За жал во таа цела катастрофа не успеавме да извлечеме живи луѓе од под урнатините. Сите погледи од светот се вперени кон Турција. Работевме со спасувачки екипи од Мексико и Тајван. Морам да потенцирам дека состојбата е катастрофална и многу полоша од тоа што е прикажано во медиумите.”, вели член на Скопската противпожарна бригада за „24 Инфо“.