ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Ковачевски од Минхен: Не постои алтернатива на меѓународната соработка во однос на клучните безбедносни прашања

February 18, 2023 11:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Имаме јасен став во нашата надворешна политика и не постои алтернатива на меѓународната соработка во однос на безбедносните прашања, изјави за МИА премиерот Димитар Ковачевски во Минхен, каде учествува на 59-та Минхенска безбедносна конференција.

Премиерот појасни дека Северна Македонија е земја која учествува во мировните мисии на НАТО, меѓутоа и на ОН и истовремено претседава со ОБСЕ, споменувајќи го тука и мотото на нашето претседавање со Организацијата дека сме свртени кон луѓето и кон заштитата и нивната безбедност.

– Тоа се гледа и од нашите приоритети каде што клучен приоритет е Украина, меѓутоа и сите други области каде што постои потреба за унапредување на мирот и безбедноста, изјави Ковачевски.

Како што јави известувачот на МИА од Минхен, премиерот потенцира дека овогодишната Минхнска конференција доаѓа во еден исклучутелно значен момент, а клучни теми на неа ќе бидат безбедноста во Европа во светло на војната што се води во Украина.

Премиерот Ковачевски денеска попладне ќе учествува на Панел дискусија во рамки на Конференцијата посветена на безбедноста на Западниот Балкан и значењето на процесот на евроинтеграција на регионот.

Тој напомена дека на панелот е предвидено да се разговара за безбедноста на Западниот Балкан, но и за повеќе значајни теми, како енергетската и кибер безбедноста, заштитата од хакерски напади и унапредување на регионалната соработка, со цел обезбедување што поголема заштита и на државита и на нивните граѓани.

Првата билатерална средба на Ковачевски на маргините на Конференцијата е со српскиот претседател Александар Вучиќ, а предвидено е да се сретне и со естонската премиерка Каја Калас и со повеќе други учесници на форумот.

– Првата средба е со претседателот на Србија, Вучиќ бидејќи навистина постои регионален предизвик кој што го надминуваат заедно Србија и Косово, заедно со посредништвото на ЕУ и САД. Значајна е средбата и со премиерката на Естонија, бидејќи заедно со нив работиме на дигитализацијата на државата, особено на воведувањето на електронски ИД, што започна кај нас и каде што клучни резултати ни се од Естонија, како една од најнапредните држави. Има и низа други средби со премиери и претседатели на други држави, со кои ќе разговараме на овие теми, рече премиерот Ковачевски во изјавата за МИА.

Ковачевски на конференцијата ја предводи владината делегација, во чиј состав е и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, а во својство на председавач со ОБСЕ на форумот е присутен и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

На 59. издание на Минхенската конференција за безбедност, учествуваат повеќе од 450 носители на одлуки на високо ниво и истакнати светски лидери, вклучувајќи шефови на држави, министри, први луѓе на меѓународни и невладини организации, како и лидери од бизнисот и граѓанското општество. Во фокусот на овогодинешната Минхенската конференција, што се одржува од 17 февруари до утре е светското преструктурирање, предизвикано пред се од воената агресија на Русија врз Украина.

Tags: Димитар КовачевскиМинхенска безбедносна конференција
Next Post

Северна Кореја истрела балистичка ракета

Најново

Комисијата за култура на СДСМ: Изјавата на Љутков е празен маркетинг за прикривање на хаосот во културата и нападот врз Колективниот договор

May 11, 2026

Филипче: Пропагандата на ВМРО ја обвинува ЕУ за сопствениот дебакл со реформите

May 11, 2026

Дуа Липа ги тужи Самсунг за 15 милиони долари

May 11, 2026
Фото: МОБ

Македонската опера и балет ги отвори 54. Мајски оперски вечери

May 11, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Изгубени се две години, рокот за дел од Коридор 8 се продолжува најмалку до 2029

May 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk