Во рамки на Минхенската безбедносна конференција, премиерот Димитар Ковачевски учествуваше на затворена панел дискусија посветена на европската интеграција на земјите од Западниот Балкан, соопшти прес-службата на Владата на Република Северна Македонија.
Заедно со други лидери и високи претставници од регионот, претставници на невладината и академската заедница, учесниците разговараа за предизвиците и можностите на евроинтеграцискиот пат.