Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала вечерва е регистриран на границата меѓу Турција и Сирија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот се наоѓал на 60 километри северно од сирискиот град Латакија и 30 километри јужно од турскиот град Белен.
Според очевидци, имало силно тресење и причинета е материјална штета. Засега нема информации за евентуални жртви.