Кога би имало неселективност во постапувањето би се елиминирале сите сомнежи коишто постојат во јавноста за партизираност на судството, вели Фросина Ременски во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.
-Јас имам своја теза за целокупниот случај, но можам да кажам дека во овие случаи има сериозен линк помеѓу ЈО, разузнавачки структури и параполициски структури, кои имаат некоја агенда која не оди во прилог на објективното судење- вели Ременски.
Чекам да заврши целата постапка, истакна таа, и ќе ги изнесе своите тези и сомневања.
-Можеби ќе изнесам и конкретни работи коишто ќе отворат некоја димензија и ќе го аргументирам она што го кажав на 3 јануари, дека можеби со овој случај ќе почне реформата на ЈО- рече Ременски.