ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Османи: ЕУ да обезбеди попрактични придобивки од пристапниот процес, земјите од ЗБ да ги усвојат реформите и стандардите на Унијата

February 21, 2023 14:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската Унија да обезбеди повеќе практични придобивки и опипливи резултати кои произлегуваат од процесот на пристапување, а земјите од регионот на Западен Балкан да преземат конкретни и вистински активности во спроведувањето на националните реформски планови и усвојувањето на стандардите на ЕУ. Во однос на спроведувањето на реформските процеси во рамки на процесот на пристапувањето во ЕУ, како и оние во рамки на Стратешкиот дијалог, се работи за комплементарни процеси, кои ќе ја направат Северна Македонија држава со повисок демократски капацитет, со многу поголема доверба во правосудниот систем и со многу помал степен на корупција, во однос на сегашната состојба, истакна денеска Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Тој потсети дека за првпат во историјата министер на нашата земја е ангажиран како претседавач со ОБСЕ, за каде смета дека државата може да придонесе во генерирање на попозитивен дух, зајакнување на дијалогот во ОБСЕ просторот.

Во изјава за медиумите, Османи рече дека ваквите дебатни настани се добра прилика да се слушне граѓанскиот сектор по однос на надворешната политика и предизвиците за позиционирањето на земјата на меѓународната политичка сцена. Вели дека сега е различно од пред една или две децении, и се зголемува самодовербата кај граѓаните.

-Затоа што денеска сме членка на НАТО, денеска претседаваме со најголемата регионална безбедносна организација во светот ОБСЕ, денеска преговараме со Европска унија. Оваа година претседаваме со две други регионални иницијативи. Значи тоа е веќе сериозно меѓународно позиционирање, што верувам дека ќе ја зголеми прво нашата самодоверба како луѓе, затоа што за жал поради перипетиите низ коишто сме поминале како држава, луѓето имаат изгубено самодовербата, а кога се губи самодовербата, потоа се губи лојалноста се губи и можноста секој да придонесе. Мислам дека полека ја враќаме таа самодоверба на народот на граѓаните преку ова ново сериозно позиционирање се разбира и новиот имиџ на државата во светот, истакна Османи.

Министерот вели дека реално граѓаните ги интересира надворешната политика и треба да се вклучени повеќе во дефинирање на правците и приоритетите на државната надворешна политика.

-Граѓани имаа многу конкретни и добри прашања по однос на меѓународната политика, по однос на надворешната политика на државата, посебно по однос на војната во Украина, загриженоста кои можат да бидат последиците во услови на различен исход во Украина, победа на една или на друга страна за европската перспектива на државата, за односите со Република Бугарија за стратешкиот дијалог со САД за претседавањето со ОБСЕ значи многу прашања. Мислам дека нема дилема за поддршката за членство во Европската унија од тие што беа тука и дека разбираат дека одредено незадоволство кое што може да постои е привремено и е резултат на фрустрација на овој тежок пат што го помина државата, но недвосмислени се сите по однос дека на тоа дека државата нема алтернатива освен членство во ЕУ, потенцираше Османи.

Tags: ЕУЗападен БалканОсмани
Next Post

Кримјаните кршат воена опрема за да не војуваат против Украина

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk