Според набљудувачката мисија на Канцеларијата за човекови права на ОН во Украина, најмалку 8.006 цивили биле убиени, а 13.287 цивили биле повредени во изминатите 12 месеци од целосната агресија на Русија против Украина.
„Овие бројки, кои ги објавуваме денес, ја откриваат загубата и страдањето на луѓето од почетокот на вооружениот напад на Русија на 24 февруари минатата година; страдањето го видов од прва рака кога ја посетив Украина во декември. А нашите податоци се само врвот на ледениот брег“, рече високиот комесар на ОН за човекови права Волкер Турк.
Како што е наведено, во услови на недостиг на струја и вода за време на студените зимски месеци, на речиси 18 милиони луѓе им е очајна потреба од хуманитарна помош. Околу 14 милиони луѓе се раселени од своите домови.
Според податоците од набљудувачката мисија, најмалку 487 деца загинале, а 954 се повредени.
Подвлечено е дека околу 90,3 отсто од цивилните жртви биле предизвикани од експлозивно оружје со ефекти на широк простор, вклучувајќи артилериски гранати, крстаречки и балистички ракети и воздушни напади.
Како што е соопштено, 345 деца се сметаат за исчезнати во Украина од почетокот на целосната војна со Руската Федерација.
Подготви: А. Р.