Брод со либиско знаме полн со големо количество нафта е блокиран во пристаништето Драч бидејќи не доставил сертификат за потекло на нафтата, соопштија албанските власти.
Во рамки на полициската акција „Ембарго“ задржан е бродот кој пловел под либиско знаме и превезувал 22.500 тони нафта, под сомнение дека документација која ја поседува е фалсификувана, со намера да биде прокриумчарена во Албанија.
Танкерот со нафта за која постои сомневање дека доаѓа од Русија остана на море, додека полицијата и обвинителството во Драч ја спроведуваат истрага, а голема е веројатноста наскоро да биде приведен и капетанот на бродот Алексеј Смазнов.
Истражната група, под раководство на Обвинителството во Драч, продолжува со длабинските истраги, со цел што е можно поцелосно да се документира оваа незаконска активност и идентификување на инволвираните правни и физички лица во овој наводен шверц на руска нафта во Албанија.
Според првичните информации нафтата ја нарачал албанскиот бизнисмен Пиро Баре, кој додека бродот влегувал во водите на Јадранското Море, доставил документација до царината на пристаништето Драч, но документите биле проблематични и цариниците не му го дозволиле увозот и покренале истрага за целиот случај.
Извор: Слободен Печат