Бројот на загинати мигранти при превртување на мал дрвен брод во близина на јужниот италијански брег се искачи на 61, меѓу кои 12 деца. Преживеале 81 лице и се очекува бројот на настрадани да се зголеми, јавија италијанските медиуми.
Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедоси изјави дека со бродот патувале меѓу 150 и 200 бегалци, меѓу кои 12 деца, а според проценката на службеникот на италијанскиот Црвен крст, Игнасио Мањионе, преживеале многу малку деца. објави SkyTG24“.
Службеничката на областа Кротоне, Мануела Кура, изјави дека е пронајдено ново тело во морето.
Бродот што превезувал мигранти во Европа удрил во карпите во близина на Стеката ди Кутро, одморалиште на источниот брег на провинцијата Калабрија, пренесе Ројтерс.
Бродот пред неколку дена испловил од Измир, Турција со бегалци од Авганистан, Иран и уште неколку земји.