ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Милионскиот имот на Мицкоски и неговото семејство дел од собраниската дебата

February 27, 2023 14:21
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Имотот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски стана една од главните теми за расправа на денешната собраниска седница, откако опозициските пратеници jа обвинија власта за криминал. Пратениците од владејачкото мнозинство порачаа опозицијата да не ја дефокусира јавноста од вистинското прашање – како Мицкоски успеал да стекне толкав имот.

Темата се покрена откако порталот „Индекс“ објави дека во елитната населба во Скопје, Козле, Мицкоски, наводно купил земјиште, куќа и барака, потоа ги урнал и изградил две куќи, а тоа го чинело еден милион евра. Тие тврдења претходни беа изнесени во „Инфомакс“. Порталот „Индекс“ тврди дека има увид во имотните листови, но дека тие не биле на името на Мицкоски, туку дека во Катастарот биле заведени на името на неговиот зет за сестра.

Според пратениците, ова прашање пратениците на ВМРО-ДПМНЕ треба да му го постават на својот лидер, а потоа со чист образ да обвинуваат други за криминал.

-Треба да и се погледне на вистината во очи. Не може некој да вели дека со професорска плата многу тешко се живее, а истовремено, под закрила на својот зет, гради куќа од милион евра. Тоа не е чист образ, рече пратеничката на СДСМ, Снежана Калеска Ванчева.

-Цела недела медиумите пишуваат за богатството на вашиот претседател и во Охрид и во Скопје и во Црна Гора. До ден денеска вашиот претседател не демантираше ништо што се однесува до ова. Ве молам, ако сакате да зборувате за куќата на Таравари нека провери Обвинителството како е купена, триесет години тој е врвен лекар и може да си дозволи да купи куќа, рече Елми Азири од Алијанса за Албанците.

Во дискусијата се вклучи и пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски според кого, кога се говори за криминал треба опозиционерите да имаат образ и да се потсети дека нивниот партиски лидер изградил куќа од еден милион евра.

-Треба да го прашате зошто ве дриблаше на мали голчиња за вие тука да збрувате се и сешто, додека тој трупа имот. Легитимното прашање е дали причината поради која тука со денови ја замајувате јавноста и говорите со денови се и сешто само она што треба не, е причина Мицкоски на мала врата да трупа имот и во Црна Гора и во Охрид и во Скопје, истакна Каевски.

-Вашиот лидер треба да одговори како со просечна професорска плата се стигнува до куќа од еден милион евра во Скопје, со имоти во Охрид, Скопје и Црна Гора. Преку испити, преку упис на студенти? Како?, праша пратеничката од мнозинството, Љубица Спасовска.

Претходно Мицкоски  побара од дел од медиумите, како што наведе блиски до СДСМ и ДУИ, да се извинат поради тоа што објавиле дека купил и реновирал куќа во Козле во вредност од еден милион евра.

Tags: имотМицкоскиСобрание
Next Post

„Готвачот на Путин“ Пригожин, шефот на злогласната „Вагнер“, му зготви збиберена чорба на рускиот претседател

Shortcut

Најново

Digital brain with circuit patterns symbolizes artificial intelligence in server lab

Што навистина откриваат инцидентите на OpenAI

September 27, 2026
Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

„12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

September 26, 2026

Денови на германскиот јазик 2026 во Северна Македонија

September 26, 2026

ХЕРА: Светски ден на контрацепција – „Избор без бариери“ – но изборот не е реалност за сите

September 26, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk