Вчера се одржа премиерата на документарниот филм „Siren Lullabies” на македонската новинарка и воена дописничка Кристина Атовска, која во текот на Годината на Нескршливоста двапати престојуваше во Украина за да сними филм за руската воена агресија против Украина.
Премиерата на филмот се одржа во киното „Милениум“ (Скопје), на која присуствуваа Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, претставници на дипломатскиот кор, украинската заедница.
По минутата молк, пред присутните се обрати Амбасадорката на Украина Лариса Дир, која истакна дека високо ја цени храброста на Кристина Атовска, која, ризикувајќи го својот живот, била во зоната на воени дејствија со цел да ги сними и пренесе вистинските информации за воена агресија на Руската Федерација против Украина.
„Ваша работа е информативниот фронт – да пренесете објективни информации за воените злосторства на Руската Федерација и злосторствата против човештвото извршени од руските окупатори во Украина. Сметам дека граѓаните на Северна Македонија имаат право на вистинити информации за злосторствата на Кремљ во Украина и треба да ја разликуваат лагата, која ја претставува пред сè руската амбасада во Скопје, како и руските фактори кои имаат информативно влијание.“, нагласи амбасадорката Дир.
Додека беше во Украина, К. Атовска сними повеќе од 100 репортажи за руските злосторства во Лвивската, Кијивската и Харкивската област. Како новинарка, за време на нејзиниот престој во Украина, беа подготвени и голем број одделни прилози за македонските медиуми.