ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи – Лематрие: Вложувањето во истражување и развој е влог во идниот раст и развој

March 1, 2023 18:14
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, денеска во Брисел оствари средба со директорот на Директоратот за истражување, технолошки развој и иновации на Европската Комисија Марк Лематрие, на која двајцата соговорници зборувале за чекорите кои Северна Македонија ги презема за поттикнување на инвестициите и вложувањето во истражување и развој, што, како што истакна вицепремиерот Битиќи, е исклучително важно за постигнување на посакуваниот развој во економијата но и во целокупно унапредување на општествените процеси.

Вицепремиерот Битиќи изразил задоволство од резултатите на програмата „Хоризонт Европа“ каде Северна Македонија е со статус на асоцијативна земја членка.

– Хоризонт Европа, програмата на ЕУ која финансира проекти за конкурентност и иновации е програма која претставува новост за нас, но никогаш не се двоумевме да бидеме нејзин дел. Процентот на успешност според последниот извештај на Европската Комисија е 16 отсто што не прави рамноправни со другите земји членки на ЕУ, рече Битиќи.

Битиќи и Лематрие, како што соопштија од Влада, зборувале и за процесот на креирање на стратегијата за Паметна специјализација, која е исклучително важна за развојот на нашата земја, и која користејќи ги сите податоци достапни на институциите треба да даде одговор кои се нашите конкурентски предности, и во кој правец треба да го движиме нашиот економски развој.

На крајот на разговорот, вицепремиерот Битиќи го споменал и првиот дигитален асистент во јавниот сектор – АДА кој наскоро треба да биде промовиран и јавно достапен, на што Лематрие бил пријатно изненаден и истакнал дека тоа е пионерски исчекор во сферата на дигитализацијата во јавен сектор, па дури и за Европската Унија.
Извор: МИА
Tags: БитиќиБриселЕКекономијаЛематриесредба
Next Post

Новинарските здруженија без осуда за заканите за тужби кон медиуми на Мицкоски

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk