ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Без конзистентна солидарност, притисоците кон медиумите од политиката нема да престанат

March 1, 2023 19:31
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА

Пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Политичарите од власта заслужуваат жестока критика кога напаѓаат, квалификуваат, навредуваат или им се закануваат на новинарите и медиумите. Но, иста таква критика заслужуваат и политичарите од опозицијата, кога го прават истото!

Последен таков пример се квалификациите на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски за одредени новинари и медиуми.  За жал, гледаме дека дел од јавноста и професионалните медиумски организации молчат за овие напади.

И овој пример покажува дека отсуствува професионалната солидарност и конзистентост во критикувањето на притисоците кон медиумите што доаѓаат од политиката.

Некои се гласни кога овие притисоци доаѓаат од владејачките партии, а молчат за притисоците од опозицијата. Други, пак, го прават спротивното. Трети се креваат во одбрана на оние што ниту може да се наречат новинари и со години го урнисуваат угледот на новинарството воопшто, а молчат кога се напаѓаат новинари само затоа што не им се по ќеф. Четврти молчат за сè и се добри со сите…

Со ваков пристап, не може да се очекува дека ќе престанат притисоците од политиката. Без конзистентност, солидарност и отпор кон притисоците без оглед од кого доаѓаат, ќе се намалува просторот за слободни, квалитетни и професионални медиуми, а ќе се зголемува просторот за пропаганда и неодговорност на политиката.

Најголема штета од ова секако трпат граѓаните. Неколку релевантни истражувања од минатата година покажуваат дека тие ја губат довербата и во политичарите, и во медиумите. Можеби ова не ги загрижува дел од политичарите и медиумите, но треба да ги загрижи и замисли граѓаните. Оти, на крајот на краиштата, тие го плаќаат „есапот“.

 

Next Post

Британскиот премиер ја поддржа истрагата за справување со Ковид пандемијата

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Мицкоски најави реконструкција на Владата и промени во партијата по локалните избори

August 23, 2025
Фото: МИА

Симеон Мони Дамевски: Само со зголемено вложување во филмот ќе можеме да ја продолжиме нагорната линија на развој и успеси на македонскиот филм

August 23, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk