Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров уште еднаш се обиде да каже дека Западот е одговорен за војната во Украина, што наиде на смеа кај учесниците на геополитичката конференција во Њу Делхи. Лавров се обиде да ја прикаже Русија како жртва на војната, објавија западните медиуми.
На прашањето како конфликтот влијаеше на руската енергетска стратегија, Лавров одговори: „Знаете дека војната што се обидуваме да ја запреме беше започната против нас користејќи го украинскиот народ.“ Публиката ја исмеа ваквата изјава на шефот на руската дипломатија.
Speaking in India, whose government has been sympathetic to Putin’s claims on Ukraine and helped Moscow mitigate the effect of western sanctions, Lavrov says “the war we are trying to stop was launched against us.”
The audience laughs at him.
— max seddon (@maxseddon) March 3, 2023
По кратка пауза, рускиот министер за надворешни работи продолжи: „Се разбира, конфликтот влијае на руската политика, вклучително и на енергетската политика. „Наједноставниот начин да се опише она што се промени е: повеќе не би се потпирале на ниту еден партнер на Запад“, додаде Лавров.
Наместо тоа, Русија бара сигурни партнери како Индија и Кина, нагласи Лавров.
Како што пишуваат медиумите, иако ова не е првпат Кремљ да го обвини Западот за инвазијата врз Украина нарачана од рускиот претседател Владимир Путин пред повеќе од една година, значајно е што Лавров за конфликтот го употреби зборот „војна“.
Москва продолжува да ја нарекува војната – „специјална воена операција“, а во Русија е казниво офанзивата во Украина да се нарекува војна.
На крајот од получасовната дискусија за време на „Раисин дијалог“, индиска конференција за геополитика и геоекономија што се одржува секоја година во Њу Делхи, модераторот го праша Лавров дали може да вети дека следните разговори ќе се одржат во помалку „конфликтни“ времиња.
Па, Американците секако би предложиле некои прашања кои би можеле добро да ви послужат, истакна тој, напуштајќи ја сцената со смеење од публиката.