ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФОРМАЦИИ

ВМРО-ДПМНЕ со манипулативно соопштение спинува дека не се прави ништо за справување со заканите со бомби

March 7, 2023 11:32
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ХИБРИДНИ ЗАКАНИ
Фотомонтажа: РИБАРО

Фотомонтажа: РИБАРО

Share on FacebookShare on Twitter

Преку манипулативна комуникација со јавноста во која има ред вистина, ред полувистина и невистина главната партија на опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ, спинува за феноменот на хибридните закани со кои се соочува државата веќе пет месеци – заканите за поставени бомби, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

ВМРО-ДПМНЕ искомуницира со јавноста преку соопштение во кое се детектираат спинови:

„5 месеци Ковачевски и Спасовски не се способни да ја гарантираат безбедноста на граѓаните, но, пред сè, на најмладите, односно учениците.
5 месеци училишта, јавни како и приватни објекти се под речиси секојдневни закани за поставени бомби, а МВР предводено од Спасовски тапка во место и нема направено конкретно ништо за да ги спречат истите. Додека трошат илјадници евра за Пи-аР и лажно да претстават дека сè е прекрасно, во реалноста се случува безбедносен хаос… Тоа само укажува дека МВР на чело со Спасовски не се способни ниту да откријат кој ја загрозува безбедноста, кој сее страв кај граѓаните, особено учениците, а уште помалку да ги спречат истите. Наместо да реагираат веднаш, дури сега по 5 месеци се сетија дека треба допрва да прават план, а 5 месеци ги преспа…“ [Извор: ВМРO-ДПМНЕ – Соопштение/веб, датум: 06.03.2023]

Контраспин: Најголемата партија во парламентот и во опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ, со манипулативно соопштение во кое има ред вистина, ред полувистина и ред невистина спинува за една главна теза на соопштението – дека власта не презема ништо додека безбедноста на граѓаните, пред сè, на најмладите е загрозена.

Целта на соопштението е да се прикажат институциите на власта, пред сè, МВР, како целосно неспособни, бидејќи се раководени од министерот од СДСМ, Оливер Спасовски, а и Владата раководена од лидерот на СДСМ, премиерот Димитар Ковачевски.

Доколку е неспорна вистина дека заканите за поставени бомби, пред сè, во средните и основните училишта траат веќе 5 месеци – првите се појавија во октомври, и дека сè уште нема прецизни информации кои се сторителите на овие закани, тогаш исто така неспорна невистина е дека не се преземе ништо, односно дека „МВР предводено од Спасовски тапка во место и нема направено конкретно ништо за да ги спречат истите“.

Од првиот меил со „хибридна закана“, а не хибриден напад, МВР следејќи протоколи за дејствување поведе постапки со излегување на терен, евеакуација на училиштето, проверка на објект и враќање на учениците и вработените во објектот. Тоа се случуваше редовно до последниот серијал на закани со поставени бомби во училиштата во текот на минатата недела. Врочем, Спасовски во интервју за Дојче Веле кое се појави истиот ден кога и ова соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, дава конкретни податоци:

„Во периодот од октомври 2022 заклучно со 2.03.2023 година, проверки се направени на вкупно 862 локации, од кои во 2022 евидентирани се 306, а во првите два месеца во 2023 дури 556 настани. Притоа, само во февруари, дневниот просек е проверка на 30 локации. За направените проверки вкупно биле ангажирани над две и пол илјади полициски службеници и инспектори од СВР Скопје, Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам и Единицата за службени кучиња, плус гориво, за што од буџетот на МВР е реализирана исплата на над пет милиони денари. Што се однесува до другите сектори за внатрешни работи, тие во овој петмесечен период постапуваа по дојави на 60-тина локации, што дополнително предизвика финансиски импликации од околу половина милион денари“ – изјави Спасовски.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ смета дека овие бројки на ангажирани полициски сили за проверка и ангажирани буџетски средства, кои впрочем се преземени за да се зачува безбедноста на учениците и вработените, се „ништо конкретно“, тогаш врз основа на податоците може да се оцени дека партијата ја извртува вистината и спинува.

Спинот е и дека со истрагите се „тапка во место“. И пред и по формирањето на Оперативна работна група од повеќе безбедносни институции, конкретни заканувачи со бомби не се откриени (оние три случаи на домашни заканувачи од кои две се малолетници не ги броиме), но затоа се утврдени мотивите, утврдени се целите и утврдено е потеклото на мејловите во некои случаи, кои секогаш се движат преку оператори на виртулени мрежи (ВПН), поради што и експертите аналитичари се согласни дека многу тешко или речиси е блиску до невозможно да се откријат во целост. Па така, за мотивите веќе е утврдено дека се врзани со геополитика и геостратегија (заканите во регионот почнаа по војната во Украина) и дека станува збор за комбинација на странски со домашни извршители.

Во таа насока речито зборува и изјавата на Спасовски во друго интервју дадено, исто така, денеска за ТВ 24, дека последниот серијал закани со бомби од минатата недела доаѓаат од мејлови од провајдери и ВПН оператори од Русија и од Иран:

Во последните денови мејловите се испратени од адреси во Иран и Русија, а уплатите на ВПН услугите се со криптовалути што го отежнува пронаоѓањето, вели Спасовски.

Но, еден дел од изјавата на Спасовски за Дојче Веле укажува и на домашно инволвирање. Спасовски вели дека анализите околу извршителите покажале дека станува збор за „комбинација од домашни и странски актери во меѓусебна координација, или создаден од домашни актери кои користат странски канали и алатки како помош, чија цел е да се создаде паника, хаос, недоверба во системот и нефункционалност на секојдневниот живот. Ова се потврдува и преку фактот што интензитетот и методите на заканите се менуваат при имплементирањето на мерки за справување кои не се јавно објавени“.

Иако Спасовски тоа го кажува во завиена форма, една изјава на Ковачевски од крајот на февруари го појаснува кажаното. Станува збор за тоа дека иако надлежните решиле да ги сменат меил адресите на училиштата на друг сервер, веќе следиот ден заканувачите ги имале новите меил адреси. Токму тоа е основниот показател од кои надлежните вадат заклучок дека има и „домашна врска“ во случајот со заканите со бомби.

Сета оваа дигресија во контраспинот е направена за да се покаже извртувањето на вистината и во изјавата дека се „тапка во место“.

Конечно, има уште еден дел во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ кое е извртена вистина, а тоа е дека „дури сега по 5 месеци се сетија дека треба допрва да прават план“.

Планот е направен, соопштено е за тоа уште минатата недела, а како што јавија повеќе медиуми од саботата (04.03.2023), се спроведува во заедничко содејство на МВР и Министерството за образование (МОН).

Според тоа, генерално е вистина дека нема конкретно откриени сторители (повторно – не ги броиме домашните откриени од авантуристички побуди), но извртување на вистината е дека МВР нема преземено „ништо конкретно“, дека „тапка во место“ и дека „не може да ја гарантира безбедноста на граѓаните, а посебно најмладите“ – тие три тези се спинови.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВМРО-ДПМНЕзакани со бомбиневистиниспин

НАЈНОВО

Зајкова: Нема нов предлог за измена на Кривичниот законик, немаме ниту еден закон за суштинска реформа во правосудството

June 5, 2025

Турција: Парична казна од 12.000 евра за кинење на загрозен вид цвеќе

June 5, 2025

Додик повторно без проблеми премина граница, овој пат до Будимпешта

June 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Моника Зајкова. Фото: Ангел Ангеловски

    ИНТЕРВЈУ со Моника Зајкова: На Македонија и треба ЕУ и една изборна единица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зајкова: Да ги оставиме на страна партиските интереси, да го трасираме патот кон ЕУ со темелни реформи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новакоски за Фронтлајн: Ако се определат за една ИЕ, треба да постои и праг кој би бил разумен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто овие 12 земји беа на списокот на Трамп за забрана за патување во САД?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На „победата” и се кратки нозете

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk