Познат е идентитетот на невооружениот украински војник кој, пред камера, беше брутално убиен од руските агресори, објави ЦИВИЛ Медиа.
Се работи за Тимофиј Шадура, војник на Копнените сили од 30-та посебна механизирана бригада.
Шадура се смета за исчезнат од 3 февруари 2023 година по воените дејствија во областа на градот Бахмут.
Во моментов, телото на војникот се наоѓа на привремено окупираната териториja, соопшти украинската војска.