ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Пофалби за „Медена земја“ во српските медиуми и редовни кино проекции во Белград

„Земјата на медот нè носи на живописните височини на една од македонските планини и во светот на исконските вредности на односот помеѓу човекот и природата. Атиџе, последната пчеларка во Европа мора да ги зачува своите пчели и да ја врати природната рамнотежа во Медената земја“ , објави ТВ Н1.

February 8, 2020 14:17
in РЕГИОН, ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Пред утрешното доделување на престижните Оскари, српските медиуми пишуваат за големиот успех со номинацијата на македонскиот документарен филм „Медена земја.“

Како што јави дописникот на МИА од Белград, „Телеграф“ во најавата за доделувањето на Оскарите, пишува дека „ова е приказна за една неверојатна жена, со груба надворешност и изненадувачка нежност“.

Белградскиот весник „Данас“ излезе со најава и коментар дека „во недела, на 9 февруари, кога целиот свет со нетрпение го очекува 92-то доделувањето на Оскарите, филмот „Медена земја“, што е номиниран во две категории за оваа најпрестижна филмска награда, за најдобар документарен и за најдобар странски филм, ќе почне да се емитува на редовниот кино репертоар во Белградскиот културен центар во сите три термини (17, 19 и 21 часот)

-Белградската публика ќе има единствена можност во возбудлива атмосфера на големото платно да го види ова ремек-дело,н  победникот на Санденс, македонското достигнување кое влезе во историјата како прв филм номинираза Оскар и како најдобар странски филм и како документарен филм, пишуваат медиумите во Србија.

„Земјата на медот нè носи на живописните височини на една од македонските планини и во светот на исконските вредности на односот помеѓу човекот и природата. Атиџе, последната пчеларка во Европа мора да ги зачува своите пчели и да ја врати природната рамнотежа во Медената земја“ , објави ТВ Н1.

И на социјалните мрежи, повеќе српски филмаџии ја препорачуваат „Медена земја“ како фасцинантно снимен и многу емотивен филм, меѓу другото и како првиот македонски филм кој ќе влезе во историјата, бидејќи е номиниран во две категории за Оскар.

Next Post

Мицкоски со пакет мерки: Повисоки просечни плати за 25 проценти, пензии за 20 отсто

Shortcut

Најново

Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk