ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадиновска-Стојчевска: Културното наследство е наш врвен приоритет, уништувањата на Влахо и на Лагадин се преседан што не смее да се повтори

March 8, 2023 18:07
in PMD, ДЕНЕС, КУЛТУРА

На денешната прес-конференција, министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска се осврна на теми што предизвикаа интерес во јавноста, а се од областа на заштитата на културното наследство, како и на актуелните случувања во Охридскиот Регион.

Поради актуелноста на некои од прашањата, Костадиновска-Стојчевска одржа и седници со Националната комисија на УНЕСКО и со Националниот совет за културно наследство.

„Ја поздравувам одлуката на Битолскиот суд кој го уважи предлогот на Основното јавно обвинителство Битола и изрече забрана за вршење на ископ на подрачјето на Задбрдо, како дел од локалитетот Влахо, општина Новаци,  од страна на концесионерот до правосилно завршување на постапката која во ОЈО Битола се води за кривично дело ‘оштетување или уништување на добра…’ од чл. 264 од Кривичниот законик. Ја поздравувам и брзата реакција на Основното јавно обвинителство Битола“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска околу продолжувањето на работата на концесионерот на локалитетот Влахо, и покрај забраната која е изречена заради извршување на законските заштитни конзерваторски работи.

Одлуката на Битолскиот суд следи по реакцијата на Министерството за култура соодветните институции за заштита веднаш да ги активираат своите законски надлежности по алармантните укажувања од стручните лица за случувањата на локалитетот Влахо.

Министерката потенцираше дека Министерството за култура ја продолжува засилената координација со сите релевантни фактори за спречување на натамошни нелегални и деструктивни активности на археолошките локалитети и останатото културно наследство во земјава.

За локалитетот во штипско Спанчево, Костадиновска-Стојчевска ја пренесе информацијата од надлежната институција,  НУ  „Завод и Музеј“- Штип од каде се вели дека е извршен увид  на археолошкиот локалитет „Свети Атанасие“ во село Спанчево и е констатирано дека на местото каде што се изведуваат градежни работи за поставување на фотоволтаици од инвеститорот „Сити Инвест“ не се забележани наоди кои би укажале на постоење на културно наследство. Во консултација со Општина Чешиново-Облешево, инвеститорот ги имал сите документи за отпочнување со градежни активности, односно дозвола за градба од 2013 година со важност од 10 години.

Костадиновска-Стојчевска по седницата со Националната комисија за УНЕСКО, информираше дека по прашањето со изградбата на објект на крајбрежјето во Лагадин е заклучено дека се препорачува Општина Охрид повторно да ги разгледа активностите поврзани за градба на објект на крајбрежјето во Лагадин, притоа водејќи се по препораките од Реактивните мониторинг мисии на советодавните тела на УНЕСКО и Одлуките на Комитетот за светско наследство и почитувајќи го Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.

„Силно препорачуваме сите активности поврзани со овој објект да бидат ставени во мирување до конечноста на одлуката на Општина Охрид“, подвлече министерката која е претседателка на Националната комисија за УНЕСКО.

Министерката информираше дека Комисијата препорачува Општина Охрид, следејќи ги препораките од Реактивните мониторинг мисии на советодавните тела на УНЕСКО и Одлуките на Комитетот за светско наследство, и водејќи се по одредбите од Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, да ја поништи донесената Одлука за начин на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации и донесување нови урбанистички планови и урбанистички проекти, како и за начинот на водење на постапките за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти (број 08-17370/61 од 22.12.2022 година) и да донесе нова Одлука која ќе биде во согласност со Законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион и со Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион, а имајќи го предвид членот 2 од Законот за управување со светското природно и културно наследство според кој управувањето со светското природно и културно наследство е од јавен интерес, што се врши во согласност со одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон.

„Во новата Одлука, Општина Охрид треба да има предвид дека Законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион не предвидува исклучоци како што е наведено во членот 4 од Одлуката за начин на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации и донесување нови урбанистички планови и урбанистички проекти, како и за начинот на водење на постапките за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, број 08-17370/61 од 22.12.2022 година“, заклучи Костадиновска-Стојчевска.

Tags: Бисера Костадиновска СтојчевскаБитолакултурно наследствоОхридски регионсветско природно и културно наследствоУНЕСКО
Next Post

Николовски: Во 2022 година имаме двојно зголемен откуп на сончоглед споредено со претходната

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk