ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Објавени јавните повици за финансирање за земјоделски производители на храна од животинско и неживотинско потекло

March 9, 2023 12:05
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Денеска на веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавени се два јавни повици за финансиска поддршка на земјоделски производители на храна: Повик за финансиска поддршка на производители на храна од животинско потекло и Повик за финансиска подршка на производители на храна од неживотинско потекло.

Предмет на овие јавни повици е реализација на средствата утврдени согласно Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 282/22), раздел 14001 – Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, програма 3 – Земјоделство и рурален развој, потпрограма 34 – Рурален развој, ставка 489 – Капитални субвенции за претпријатија и невладини организации во износ од 17.500.000 денари кои ќе се користат за доделување на неповратна финансиска поддршка за инвестиции во опрема, основни средства и услуги кои имаат за цел: остварување на додадена вредност во примарното производство, развој на производи со традиционални карактеристики и зголемување на конкурентноста, како и развој на семејни бизниси од областа на производство на храна од животинско и неживотинско потекло.

Право на учество на јавните повици имаат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и да се регистрирани или евидентирани како оператори со храна од животинско, односно неживотинско потекло, согласно Правилниците за барањата за условите и хигиена за производство и ставање во промет на храната од животинско потекло односно неживотинско потекло, наменета за директно снабдување, локализирана активност, во географски или економски ограничувања, како и општите и посебните барања за примена на традиционални методи на производство, преработка и дистрибуција на храна со традиционални карактеристики за храна од животинско или неживотинско потекл во Агенцијата за храна и ветерина.

Крајниот рок за доставување на барањата за финансирање е 25 дена од денот на објавување на јавниот повик на веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, односно заклучно со 02. април 2023 година. Барањата кои нема да бидат доставени во предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

Висината на финансиската поддршка согласно оваа програма изнесува до 600.000,00 денари по корисник без вклучен ДДВ за следните намени:

– трошоци за набавка на опрема за производство на храна (доработка и преработка на примарни земјоделски производи) во висина до 90% и/или

– трошоци за ангажирање на стручно лице (технолог за производство на храна) во висина до 10% од вкупниот износ од висината на финансиската поддршка по корисник.

Финансиската поддршка согласно Програмата за финансирање на земјоделски производители на храна за 2023 година, се остварува со поднесување на Барање до Министерството за неповратна финансиска поддршка. Барањето се доставува во еден оригинален примерок во писмена форма заверен и потпишан од страна на барателот. Еден корисник може да поднесе само едно барање за доделување на финансиска поддршка согласно Програмата.

Барањето заедно со документите се доставува во затворен плик преку пошта на адреса: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул. Аминта трети број 2, 1000 Скопје или со предавање во архивата на министерството секој работен ден 9.00 до 15.00 часот.

Tags: земјоделски производителиЈавни повициМЗШВФинансирање
Next Post

Новооткриен астероид би можел да се судри со Земјата во 2046 година

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk