Исполнете ги очекувањата на граѓаните и поддржете ја европската агенда е пораката која ја испратив денеска од собраниската говорница, истакнува во објава на Фејсбук, вицепремиерот Бојан Маричиќ.
Тој вели дека Собранието е најсоодветното место од каде треба да доаѓаат и пораките за следните чекори во процесот на преговори со ЕУ, и критиките, но и поддршката за спроведувањето на реформите.
„Уверен сум дека Собранието ќе ја прифати критиката од Европската комисија и ќе „биде форум за конструктивен политички дијалог, особено кога станува збор за ЕУ реформската агенда и заедно со Владата да работи на планирање на законодавната агенда, со приоритет на уставните измени“.
Оценките од Извештајот укажуваат дека во некои области сме направиле и сме постигнале многу повеќе и од земјите од регионот кои веќе деценија се во процесот на преговори со ЕУ. Има и конкретни области каде треба уште многу да се направи и се зголемат напорите за испорачување повеќе резултати“, потенцира Мариќич.