Според портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, дијалогот помеѓу Косово и Србија ќе доживее неуспех поради сличнoста со „Нормандискиот формат“, косовскиот премиер Албин Курти изрази спремност да го потпише Договорот на 18 март во Охрид, во Албанија нов мега скандал, граѓаните плаќаат по 94 илјади долари кирија дневно од септември 2022 година за пловечките ТЕЦ кои не се ставени во функција.
Ова се дел од темите од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа , од денешните содржини во албанските медиуми во регионот.
КОСОВО
Клан Косова: Русија предупредува за неуспех на дијалогот Косово-Србија
„Русија предупредува на неуспех на дијалогот меѓу Косово и Србија, процес со посредство на Европската унија.“
Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, рече дека дијалогот меѓу двете земји ги има сите можности да се повтори судбината на нормандискиот формат (преговори за мирно решение на ситуацијата на југоистокот на Украина, во кои учествуваа Русија и Украина , Германија и Франција), изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи на прес-конференција“, пренесува косовскиот медиум Клан Косова.
ДВ: Курти подготвен да го потпише договорот со Србија на средбата на 18 март
Премиерот на Косово, Албин Курти, на средбата што ќе се одржи на 18 март во Охрид, Северна Македонија, изрази подготвеност да го потпише Договорот за нормализација на односите со Србија.
„Курти изрази очекување дека Европската унија ќе работи на успешно завршување на процесот на Договорот за нормализација преку негов официјален потпис на следниот состанок“, се вели во соопштението објавено од кабинетот на премиерот. Курти вели дека „го потврдил отворениот и конструктивен пристап кон преговорите за анексот на предлогот на ЕУ за Основниот договор. Верувам дека ЕУ може да придонесе 18 март да стане успешен ден за демократијата во Европа и безбедноста во регионот“. , напиша тогаш Курти на социјалните мрежи, пренесе ДВ.
Репортери: Почнуваат средбите на Лајчак со лидерите на опозицијата
Емисарот на Европската унија за дијалогот Косово-Србија, Мирослав Лајчак, во рамки на посетата на Приштина, в петок ќе се сретне и со лидерите на политичките партии на Косово.
Лајчак ја започна првата средба со првиот човек на ПДК Мемли Красниќи, пишува Репортери.
АЛБАНИЈА
Шекули: Нов скандал, Албанците плаќаат 94 илјади долари кирија дневно од септември 2022 година за пловечките ТЕЦ кои не се ставени во функција
„Скандал од невидени размери со пловечките ТЕЦ изнајмени за производство на енергија, ги вклучи албанската електроенергетска корпорација и Министерството за инфраструктура и енергија предводено од Белинда Балуку. Од денот на нивното закотвување во Валона минатата година до денес, овие електрани никогаш не биле пуштени во употреба и покрај тоа што албанскиот даночен обврзник плаќа над 94 илјади долари дневно кирија, а договорот предвидува дека за две години компанијата Екселерејте енерџи и Ренко кои го добија тендерот, влегоа во џеб цели 68 милиони долари.“, пренесе Шекули.
БалканВеб: „Го отстрануваме Рама со гласови, протести и граѓанска непослушност“, Бериша го претстави својот кандидат за Лежа: Нема сила што не спречува да учествуваме на изборите
„Поранешниот премиер Сали Бериша изјави дека нема сила во светот што ќе ги спречи да учествуваат на изборите, а додаде дека е решен да ја потпише спасувачката промена за државата на 14 мај.“, пренесе БалканВеб.
КОЛУМНА
Коха: Како да се направи „Заедницата“?
(Петнаесет принципи што треба да се следат)
„Принципите врз кои е изградено Косово како држава се граѓански и човечки, а не етнички или расни, во духот на инклузивност, а не на асиметрија. Ова беше оспорено во април 2013 година, кога во Бриселскиот договор косовската страна одлучи да создаде Заедница на општини со српско мнозинство на Косово. Оваа одлука не само што ја ратификуваше Собранието на Косово, туку и Уставниот суд ја оцени како уставна. Целосно сум убеден дека работите денес би биле поинакви доколку текот на овие случувања не беше ваков. Но, протокот и вистината се вакви, затоа нашето бегство од ова не само што е тешко, туку и невозможно.“, извадок од колумната „Како да се направи „Заедницата“? од авторот Беким Салиху, објавена во косовскиот дневник Коха.
Д. Тахири / ЦИВИЛ Медиа