ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нов проект на ЦИВИЛ „Заедно за подобра иднина” за промоција на мултикултурализмот и европските вредности

March 10, 2023 15:04
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛпочна со имплементација на новиот проект „Заедно за подобра иднина” со поддршка од Министерството за надворешни и европски работи на Големото Војводство Луксембург, за промоција на мултикултурализмот и европските вредности во земјата. Проектот предвидува низа активности за поттикнување на позитивни промени во општеството и поттикнување на заедниците да работат заедно за подобра иднина. 

Овој проект се надоврзува на достигнувањата на претходни проекти и подразбира промоција на почитувањето на културните, етничките и верските различности во Северна Македонија, со посебен фокус на младите, како и поддршка на владините стратегии за мултикултурализам, еднаквост и недискриминација.  

Во текот на годината, пред ЦИВИЛ е навистина динамична агенда со активности низ целата земја, и ќе ја интензивира соработката со институциите на национално и локално ниво, граѓанските организации, медиумите, образовните институции и носителите на одлуки во различни области на општествениот и политичкиот живот. Тоа подразбира и динамична интеракција со политичките партии, верските заедници, неформалните граѓански и политички групи, како и бизнис заедницата. Но, најмногу од сè, ЦИВИЛ ќе се потпре на граѓанската поддршка од целата земја.  

Меѓу големиот број на активности, спаѓа и организирање на креативни конкурси за деца од училишна возраст, како и серија настани низ земјата на која ќе се одржат и церемонии за доделување награди на победниците на тие конкурси.  

Преку својата медиумска платформа, ЦИВИЛ ќе придонесе кон разбирањето и деконструкцијата на националистичките наративи, ќе предложи начини за надминување на поделбите, и прифаќање на мултикултурализмот и европските вредности во општеството.  

“Нашиот став останува ист. Ние ќе продолжиме со испраќање на силни пораки против национализмот и против поделбите и омразата. Македонското општество е мултикултурано, мултиконфесионално и мултиетничко. Тоа е убавината на нашето општество и во тоа има огромен потенцијал. Различностите претставуваат потенцијал за просперитет и добробит на сите поединци и заедници во општеството, вклучително и во економијата, социјалната правда, културата, образованието и многу други области. И… Тоа е Европа”, соопштуваат од организацијата по повод почетокот на проектот.  

ЦИВИЛ има цел да ја зајакне јавната свест за придобивките од мултикултурното општество, недискриминацијата и почитувањето на човековите права и слободи, во согласност со европските вредности. Проектот ќе придонесе кон подобрување во областа на односите меѓу заедниците во земјата, како и спротивставување на културата на поделби и омраза.  

„Нашето општество мора да се спротивстави на радикалните националистички тенденции и треба да остане водечки пример за мултикултурализам и пошироко. Треба да работиме заедно, за подобра иднина, за мир и просперитет. Нашите различни култури, традиции и јазици можат да нè збогатат во секоја смисла на зборот”, изјави претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.  

Организацијата останува отворена за учество, прашања и коментари во контекст на проектот. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: „Заедно за подобра иднина"ДералаЦИВИЛ
Next Post

Адвокатот очекува ослободителна пресуда за „Марјан Доказ“

НАЈНОВО

Фото: СДСМ

Филипче од Куманово: Димитриевски и ЗНАМ одат во политичка пензија, ги чека пораз во Центар и Куманово!

October 17, 2025

Зеленски му предлага договор на Трамп: Дронови за „Томахавк“ ракети

October 17, 2025
Фото: Скирншот, АП

Трамп: САД ќе разгледаат испраќање ракети „Томахавк“ во Украина, се надевам дека ќе ја завршат војната без нив

October 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за средбата Црвенковски и Пецаков не гледа ништо необично, ниту изненадувачко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Позната причината за смртта на Дајан Китон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk