ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Манолева: Премиерот лично се заложи за законски измени со цел полесна набавка на лекови

March 12, 2023 18:10
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Владата излезе во пресрет на барањата на пациентите со цистична фиброза со предлог закон, за кој премиерот лично се заложи да го презентира и  брани во Собранието, бидејќи лично тој сметаше дека треба да се обезбедат лекови“ рече заменик-министерката за здравство, Маја Манолева во „Детектор“ на Сител.

Таа додаде дека оваа волја и желба на Владата да излезе во пресрет на сите барања на пациентите треба да се поддржи.

„Со сегашните процедури мора да помине рок и да се запазат постапките за набавка на лек. Поради тоа е иницијативата на Владата да се донесат законски измени со кои ќе може во вакви ситуации да се направи договор директно со компаниите. Тоа се иновативни лекови кои ги произведуваат една до две комапнии и со тоа се стеснува просторот за административно управување со класични јавни набавки“ рече Манолева.

Таа додаде дека лицата заболени со ретки болести не се заборавени од системот и рече дека се надева оти сите лекови кои се потребни на луѓето ќе бидат набавени.

„Ова се нови, иновативни лекови, за кои и многупоголеми системи и помоќни држави не успеале да ги внесат во системот на здравственото осигурување, но сепак нашата држава, оваа Влада успеа во последните неколку години да добие голем дел од овие нови лекови“ рече Манолева.

Ме радува фактот што се намалува незадоволството на пациентите за опремата, хигиената и условите во болниците

„Ме радува податокот дека незадоволството на пациентите се намалува во делот на инфраструктурните услови за работа, опремата и хигиената“ рече заменик-министерката за здравство, Маја Манолева.

Таа додаде дека ова е впечаток на пациентите и веројатно на некои идни здравствени работници, бидејќи тоа се клучните услови кои ги согледуваат младите генерации и ги поттикнуваат да работат во подобри, посредени и подобро уредени и опремени болцнии.

„Мотивацијата за идни здравствени работници не може да се наметне на друг начин освен со добро болници. Сметам дека е добро шт осе подобрува перцепцијата на пациентите во однос на организациониот дел на болниците“ рече Манолева.

Заменик-министерката рече дека токму оваа Влада го воведе и плаќањето на приватните специјализанти, со што тие се соодветно платени и наградени.

 

Tags: ДетекторЗдравствени работницилековиМанолева
Next Post

Бектеши: Четири до пет компании се зддружени и утврдуваат цени по кои дистрибуираат и продаваат леб во Скопје

Shortcut

Најново

Високи затворски казни во Хаг за косовските лидери на ОВК: Ахмети и ВЛЕН со остри реакции за пресудите

September 16, 2026

Хашим Тачи од судот во Хаг прогласен за виновен за воени злосторства, осуден на 25 години затвор

September 16, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

Од 15 до 18 октомври започнува 45. Скопски џез фестивал: Четири вечери, 13 земји и ексклузивни концерти

September 15, 2026

Партиски пресметки за судството: СДСМ обвинува за неказнивост зa Кочани, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со модуларната болница во Тетово

September 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk