ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Народите тука секогаш заедно ги добивале битките како што и заедно ја добиле битката против фашизмот

March 12, 2023 21:40
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За да осигураме иднина за генерациите после нашата, сите денес мора да покажеме дека сме извлекле поуки од минатото, а тоа ќе го направиме само ако застанеме одлучно против екстремни националистички и полулистички идеологии кои водат кон фанатизам. Индиферентноста кон екстремизмот е соучесништво, порача премиерот Димитар Ковачевски на комеморативниот настан во Националната опера и балет во рамкие на обележувањето на 80 години од Холокаустот на македонските Евреи.

-Никогаш повеќе антисемитизам, расизам и ксенофобија. Никогаш повеќе фашизам. Оваа јасна и категорична порака ја упатувам вечерва со мирна совест бидејќи нашата историја исто како и сегашноста докажуваат дека сме секогаш на вистинската страна на историјата – демократи за кои никој не е и не може да биде помалку важен. И затоа имаме и морално право, но и вредности за да се спротиставиме на сите различни форми на говор на омраза и нетолерација, рече Ковачевски.

Светот, посочи, има потреба од гласност на секој од нас како народи, како држави, како луѓе што поддржуваме, а што не поддржуваме. Тоа, вели Ковачевски, определува во каков свет ќе живееме понатаму.

-Холокаустот не почнал со концентрационите логори, почнал со антисемитизам и со ширење говор на омраза по улиците. Ние кои се сеќаваме, сме должни да работиме активно и да оставиме поука за помладите од нас за никогаш повеќе да не се повтори, да не биде прекинат со ужасно зло ниту еден детски сон, никој насила да не биде ограбен и избркан од својот дом како на 11 март 1943 година кога започнала депортацијата на македонските Евреи од Битола, Штип и Скопје, рече Ковачевски, додавајќи дека 7144 деца, жени, мажи биле насилно собрани во скопски Монопол за да бидат депортирани во логорот на смртта Треблинка.

-Народите тука секогаш заедно ги добивале битките како што и заедно ја добиле битката против фашизмот. Меѓу нив имало и Македонци, и Албанци, и Турци, и Срби, и Власи, и Роми, и Бошњаци, и сите други. Евреите потоа учествуваат и во создавањето на оваа држава. Евреите се и денес составен дел од мозаикот на етнички, верски, јазични и културни различности во Република Северна Македонија и државата заедно ја градиме во еднакво општество за сите. Заедно обезбедивме евроатланска иднина на Република Северна Македонија, заедно одиме и по стратешкиот европски пат и заедно ќе обезбедиме европска иднина, потенцира Ковачевски.

Посочи дека како функционална, мултиетничка демократија, нашата држава покажала пример во регионот, а и во Европа и светот, што значи да се почитуваат, охрабруваат, бранат и негуваат различностите.

– А ние веруваме дека овие политики на пријателство и разбирање придонесуваат и ќе придонесуваат и во регионалниот и во европскиот безбедносен контекст. Покажавме на дело дека различностите по било која основа не се пречка, туку предност. Со мудри и одговорни политики, Република Северна Македонија ќе стане членка на Европската унија, процес за кој знам дека ја имаме и поддршката на македонските Евреи, нагласи Ковачевски.

Посочи дека цивилизациска одговорност на генерациите на денешницата е да градиме свет еднаков за сите и дека сите оние кои во сржта го имаат антифашизмот, демократијата и прифаќањето на различностите мора да останат обединети и на вистинската страна на историјата.

Извор: МИА

Tags: 80-годишнинаКовачевскиобраќањеХолокауст
Next Post

(ВИДЕО) Тотален триумф на Оскарите за „Сè во исто време“, Мишел Јео прва актерка со азиско потекло што освои Оскар за најдобра женска улога

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk