Полициски службеници од Полициската станица Центар, вчера во 18:05 часот во Скопје го лишиле од слобода Ф.Р.(49) од Република Косово.
Тој се сомничи дека околу 17:30 часот во трговски центар на подрачје на Центар извршил кражба, при што од џебот на Б.Б.(25) од Република Турција, со престој во Скопје, одзел личен предмет.
– Одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија денеска од МВР.