Две лица се уапсени денеска во Скопје поради недозволена трговија со дрога, соопшти МВР.
-Денеска (14.03.2023) во Скопје, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи во координација со полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при скопското СВР ги лишиле од слобода А.О.(23) од с. Грчец, скопско и В.К. од Гевгелија, информираат од МВР.
При претрес во домот во кој престојуваат во Скопје, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 150 грама кокаин и дигитална вага.
-Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по брза постапка, велат од полицијата.