ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Украина 384. ден | Русија има недостиг на муниција; кинескиот мировен план за Украина е тројански коњ за Пекинг и Москва

March 14, 2023 17:01
in ON THE HOUR, PMD, ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ

Украина денес се наоѓа во 384-от ден војна, откако Русија изврши инвазија врз земјата.

Ова се главните теми кои го одбележаа денешниот ден.

Политика

САД го охрабруваат кинескиот претседател Си Џинпинг директно да разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопшти Белата куќа, по веста дека кинескиот лидер телефонски ќе разговара со својот украински колега.

Американскиот претседател Џо Бајден во наредниот период ќе разговара со кинескиот лидер Си Џинпинг, изјави денеска американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан.

Советот на ЕУ објави дека одлучил да ги зголеми средствата од Европскиот механизам за поддршка на мирот на 7,979 милијарди евра до 2027 година за да ги покрие дополнителните трошоци. ЕУ ги користи тие средства за вооружување на Украина. Во декември минатата година беше одлучено да се додадат две милијарди евра на овие средства во 2023 година и да се предвиди дополнително зголемување.

Американскиот претседател Џо Бајден и премиерот на Велика Британија, Риши Сунак за време на билатералната средба во Сан Диего, Калифорнија, разговараа за предизвиците што ги поставува Кина, континуираната поддршка за Украина и други глобални прашања.

Планот предложен од Кина за ставање крај на војната во Украина ја покажува поддршката на Пекинг за акциите на Москва.

Русија се обидува да го негира правото на Украина да постои и да диктира каква надворешна политика треба да води, големите земји не смеат да се изживуваат со помалите, порачаа синоќа од Стејт департментот. 

Во резолуцијата усвоена денеска, литванскиот парламент ја призна руската приватна воена компанија Вагнер како терористичка организација, чии членови претставуваат закана за безбедноста на државата и општеството, како и остро ја осуди употребата на какви било платенички групи за агресија во Украина.

Полска би можела да испрати борбени авиони МиГ-29 во Украина во следните четири до шест недели, изјави денеска полскиот премиер Матеуш Моравјецки.

Фронт

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, ноќеска, во своето редовно обраќање до сонародниците,  изјави дека иднината на неговата земја се решава во источна Украина, каде борбите се многу тешки.

Украинската партизанска група Атеш тврди дека го убила заменик-шефот на проруската воена администрација на окупираниот град Нова Каховка во јужниот регион Херсон.

Во Бахмут и натаму се водат жестоки битки за контрола на центарот на градот, наведуваат и руските и украинските сили, а двете страни тврдат дека имаат успех во најдолгата и најкрвавата битка од почетокот на руската инвазија.

Руските напаѓачи истрелаа проектил кон центарот на Краматорск рано на 14 март, при што загинаа најмалку еден, а беа повредени тројца цивили.

Во последниве недели, недостигот на руска артилериска муниција веројатно се влоши до тој степен што на многу делови од фронтот е во сила екстремно казненото рационирање на гранати.

Бројот на цивили повредени во утринскиот ракетен напад врз Краматорск, регионот Доњецк, се искачи на девет. Исто така, во градот беа оштетени девет станбени блокови и една градинка.

Поради недостиг на муниција, Русија користи застарени гранати во војната во Украина, соопштија британските разузнавачи.

Подготви: А. Ристески

Tags: Војна во Украина
Next Post

Земјотрес ја погоди Грција

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk