ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дамева: Штом сум се нафатила на оваа работа, знам да се носам со навреди и закани

March 15, 2023 15:27
in ДЕНЕС, ПРАВДА

Собранието денеска ја продолжи 71. седница со дебата за Извештајот за работата на Судскиот совет за 2021 година, на која присуствуваше и претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева.

Таа не одговори на прашањето на опозициските пратеници дали ќе поднесе оставка од морални причини, по одлуката на Уставниот суд и нејзините врски со власта, ниту пак дали се истражени наводите на претходната претседателка на Советот, Павлина Црвенковска, која тогаш изјави дека „идниот претседател ќе биде подобен за оваа судско-бизнис елита“.

– Беа истакнати сериозни навреди кон мојата личност и интегритет. Сметам дека денеска на разгледување е годишниот Извештај, но како и да е јас штом сум се нафатила на оваа функција пред се и над се знам да се носам и со заканите и со навредите и со се друго што следува, рече Дамева.

Во врска со изјавата на нејзината претходничка, посочени од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, таа кажа дека наводите се „паушални и непоткрепени со докази и не може во овој момент да се верификува нивната основаност и вистина“.

– Јавно ја прашав на првата седница по мојот избор да се произнесе во смисла Судскиот совет да застане на столбот заштитник на самостојноста и независноста на судството, меѓу кои и на членовите на Судскиот совет, меѓутоа истата не се произнесе. Верувам надлежните институции до крај ќе го испитаат овој случај, за да не остане каков било сомнеж или дамка по однос на таквите паушални наводи, кои до денес барем мене не ми е познато дека се поткрепени со докази, рече Дамева.

Tags: ДамеваСобраниесудски совет
Next Post

Ковачевски во посета на Македонски Телеком: Создаваме поволна клима за безбедно инвестирање

НАЈНОВО

Арина Сабаленка се пласира во четвртфиналето на УС Опен

September 1, 2025

Почнува меѓународната ликовна колонија „Марко Цепенков-Дрен“ 2025

September 1, 2025

Судскиот совет ги избра новите судии за Апелациониот суд Скопје и за претседател на Основен суд Охрид

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марс – мистерии, мисии и идни патувања на Црвената планета

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поглавицата легнува со жена, се буди со коњска глава, ја бакнува и оди на работа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk