ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Паметното финансирање во образованието е инвестиција за иднината

March 16, 2023 11:01
in PMD, ДЕНЕС, ФРОНТ

Пишува: Љуан ИМЕРИ

На една од колумните поврзано со образованието нагласив дека мора да се инвестира многу повеќе во образованието. Да се инвестира повеќе, поправедно и поефикасно. За да илустрирам колку е акутна потребата за сериозни интервенции во образованието ќе користам некои од податоците од документ којшто е скоро објавен од Светка банка за состојбите кај нас а насловен е: „Финансирање на нашата иднина: како да ја подобриме ефикасноста на расходите за образование во Северна Македонија“.

Анализата е одлична, а резултатите се поразителни. Овој документ ги разгледува клучните ограничувања и потребните одговори во доменот на финансирањето на образованието во Северна Македонија а е базиран на податоците содржани во „Преглед на јавните расходи за образование во Северна Македонија“, подготвен од страна на Светска банка. Би било добро некој од МОН да го прочита документот.

Што знаевме, а Светска Банка ни го потврди?

  • Расходите за образование се неефикасни и се намалуваат. Тие во периодот помеѓу 2010 и 2020 година се намалиле од 5,1 проценти на 4,0 проценти од БДП.
  • Бројот на наставници се зголемува и покрај демографскиот пад. Просечно,на секои 14 загубени ученици, се вработува по еден нов наставник. Постојната мрежа на училишта е скапа за одржување и не ги следи општите демографски трендови и трендовите на запишување на ученици. И покрај значителниот пад на бројот на ученици во последната деценија, континуирано расте бројот на вработени наставници во рамки на основното и на средното образование.
  • На тестирањето ПИСА 2018, јазот во учењето помеѓу групите ученици со највисок и со најнизок социо-економски статус е еквивалентен на скоро 2 години школување. Постојат и големи разлики во резултатите од учењето помеѓу ученици со различно потекло.
  • Неефикасниот и нерамноправен образовен систем испорачува резултати со понизок квалитет.  Според ПИСА 2018 тестирањето, повеќе од половина од 15 годишниците се функционално неписмени во домените на природните науки, математиката и читањето. Од сите тестирани ученици во Северна Македонија, помалку од 1 процент имале високи достигнувања.

Што не знаевме, а дознавме?

  • Дете кое живее во еден дел од земјата може да оди на училиште кое има 5 пати повеќе средства од училиште во друг дел од земјата. На пример, во основното образование, расходите по ученик се движат од 32.000 денари до 182.000 денари, разлика од 5,6 пати помеѓу општините што трошат најмалку и најмногу.
  • Приближно 50,000 деца (од предучилишна до средношколска возраст) не се во училиште. Над 14000 деца на предучилишна возраст не посетуваат настава. Исто толкав број, 14000 деца не посетуваат основно образование, додека над 22000 деца на средношколска возраст не се во училиште. Овие бројки за деца надвор од училиште се далеку повисоки од сите споредбени земји во регионот.
  • Просечните расходи за професионален развој по наставник се само 3.5 евра. Професионалниот развој на наставниците е недоволно финансиран и не се смета за приоритет. Во периодот помеѓу 2015 и 2021 година, просечните расходи за професионален развој по наставник изнесувале само 3,5 евра а средствата за професионален развој на наставниците се први на листата на кратење со ребалансите на буџетот што се усвојуваат секоја година.

За зголемување на квалитетот на образование е потребен холистички пристап на сите чинители во општеството. Иако инвестициите во образованието треба да се сметаат за инвестиции во иднината на државата, сепак сѐ уште кај нас расходите за образование сметаат за трошење на ресурси а не како на стратешка инвестиција во иднината на земјата. За квалитетно образование и подобра иднина треба и мора да се инвестира, наместо да се кратат средства. Особено е важно да се инвестира повеќе и на плански начин.

Подигањето на нивото на финансирањето без најпрво да се намали неефикасноста на расходите може да не доведе до посакуваните исходи. Треба да даде приоритет на реформите за зајакнување на ефикасноста на расходите во системот преку осигурување дека секој потрошен денар донесува најголем можен поврат е основниот прв чекор за земјата. Мора да се подобрат политиките што водат кон подобра ефикасност, еднаквост, политики што водат кон подобар квалитет и кон подобра отпорност.

Ставовите се на Авторот. Преземено од Рацин

Tags: ИмериФРОНТ
Next Post

Битиќи: Во јануари не увезовме ниту еден мегават час струја, а продававме вишоци во ноќните часови

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Медведев парично казнет за инцидентот на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk