ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Проектот „Струмица – Паметен Вело Град“ се реализира согласно европските стандарди

March 21, 2023 13:45
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА

Како дел од проектот „Струмица – Паметен вело град“ во Струмица веќе шест месеци со интензивно темпо се работи на изградба на велосипедски патеки на повеќе локации во градското подрачје. По овој повод, Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов и Раководителот на Одделението за Меѓународна Соработка и Европски Фондови, Ѓоко Ристовски, заедно со тимот кој го раководи проектот, извршија обиколка на локациите на веќе изведените велосипедски патеки.

„Од средина на септември, 2022 година, на различни локации низ градот се изведуваат градежни работи – дел од проектот “Струмица – Паметен вело Град“, финансиран од Европската Унија во рамки на програмата „ЕУ за општините“. Од започнувањето со реализација, во фаза на градба беа 3 делници: Градски парк Струмица, улица “24-ти Октомври“ и булевар “Ленинова“, каде беа изведени велосипедски патеки и беше поставена хоризонтална сигнализација. До овој момент, со мал број на исклучоци, реализацијата го следи динамичкиот план за работа. На терен, во од се решаваат сите евентуални предизвици, кои се исклучиво од технички карактер, пред сé, внимавајќи да се запази во целост проектната документација. Од следниот месец се продолжува со етапна изведба и градежни работи на булевар “Маршал Тито“, на булевар “Гоце Делчев“ како и на останатите делници планирани во проектот. Првата фаза од изградбата на велосипедската инфраструктура ќе ја заокружиме на почетокот на месец јуни, на светскиот ден на велосипедот, за кога планираме да го одржиме вториот фестивал посветен на љубителите на велосипедизмот.“ – изјави Ѓоко Ристовски, Раководител на Одделението за Меѓународна Соработка и Европски Фондови при Општина Струмица.

„Денес, со тимот кој го раководи проектот “Струмица – Паметен вело Град“, извршивме увид во спроведувањето на градежните работи и од тоа што можев да го увидам, задоволен сум од интензитетот и динамиката на спроведување на активностите. За фактичката изведба на терен добив уверување дека реализацијата е во согласност со проектната документација и согласно сите европски стандарди, како од аспект на техничка изведба и квалитет, така и од аспект на еколошка и заштита на животната средина. Како општина, континуирано поставуваме високи цели во поглед на квалитетот на живот, преку следење на светските трендови, целејќи кон заштита на животната средина и примерите на најразвиените ЕУ градови кои ја охрабруваат примената на „почист превоз“. Во оваа насока, ни претстои реализација на уште два нови проекти. За љубителите на рекреативниот велосипедизам, во Градскиот парк во Струмица ќе започне изградбата на памп-трака, додека за љубителите на планинскиот велосипедизам ќе започне уредување на мал вело парк на ридовите над градот.“ – изјави Градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов.

Како дел од насоченоста на развој на Струмица како град – пријател на велосипедите, општина Струмица и оваа година продолжува со спроведување на конкретни активности за поттикнување користење велосипед како превозно средство. За таа цел, за жителите на општината, на официјалната веб-страна на Општина Струмица објавен е јавен повик за субвенционирано купување на велосипеди. Воедно, во рамки на долгорочната стратегија на Општина Струмица за урбана мобилност, во најава е поставување паркинзи за велосипеди по должината на велосипедските патеки и на други јавни места. Со овој чекор, паркирањето велосипед во целокупното централно градско подрачје ќе биде многу полесно од паркирањето автомобил.

Со имплементацијата на ваков вид активности, Општина Струмица работи кон унапредување на велосипедската инфраструктура во Струмица и зголемување на урбаната мобилност, истовремено развивајќи го градот по урнек на голем број современи европски градови.

 

Tags: „Струмица – Паметен Вело Град“Костадин Костадинов
Next Post

(ФОТО) НАСА го претстави новото вселенско одело за слетувањето на Артемида на Месечината

НАЈНОВО

Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски

August 26, 2025

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ прави Мадуро на Венецуела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk