Рускиот воен блогер и поранешниот член на ФБС Игор Гиркин (Стрелков) , кој ги предводеше проруските сили во Донбас од 2014 година, јавно го понижува рускиот претседател Владимир Путин.
Во видеото, објавено на Твитер профилот Дмитри, Гиркин бара од Путин да замолчи. Гиркин се осврнува на зборовите на Путин за недостатокот на хиперсонични ракети кои се причината зошто Русија не можеше да ја нападне Украина во 2014 година.
Here’s the longer bit of Girkin’s live stream today where he asks Putin to shut up, with more context. Girkin refers to Putin’s words about the lack of hypersonic missiles being the reason why Russia couldn’t invade Ukraine in 2014. And instead of properly taking command of the… pic.twitter.com/Ov4NKNQbRo
— Dmitri (@wartranslated) March 20, 2023
Стрелков, рече дека Путин не се однесувал како претседател на огромна земја со илјадагодишна историја, туку како обичeн тепих.
Стрелков се потсмеваше на причината што Путин ја наведе минатата недела за Русија да не ја нападне Украина во 2014 година по анектирањето на Крим.
„Тогаш војската на Кијив беше гнила и слаба“, вели поранешниот офицер на ФСБ во видеото. Советот што можам да му го дадам на Путин е да замолчи“.
„Почна да вели дека немаме хиперсонично оружје. Почна повторно да кажува дека го влечат за нос. Изгледа дека нема самодоверба. Советот што можам да му го дадам на Путин или на неговите говорници е да замолчи, не треба да ја отвораш устата. Веројатно ќе беше подобро од мрморење на најглупавиот изговор на кој можеме само да се смееме“, рече Стрелков.
Стрелков понатаму наведува дека Путин посочил дека една од причините е недостатокот на хиперсонични ракети Кинжал. Тој посочува дека, според руските медиуми, такви проектили биле користени само три пати во првата половина од војната и дека Русија сега ги има овие ракети и не може да постигне значителен напредок во Украина.
Гиркин (Стрелков) беше дел од поголем број истакнати руски воени блогери кои упатија остри критики за руската офанзива во Вуледар во средината на февруари.
„Тие беа застрелани како мисирки на стрелиште, само дебили напаѓаат челно на истото место, силно утврдено и крајно незгодно за напаѓачите многу месеци по ред“. напиша Гиркин на Телеграм.
Стрелков тогаш додаде и дека „ликвидирани се многу добри тенкови Т-72Б3/Т-80БВМ и најдобрите падобранци и маринци“.
Гиркин е и еден од главните протагонисти во раздорот помеѓу воените власти во Кремљ и водачот на парамилитантната група Вагнер, Евгениј Пригожин. Тој на својот Твитер профил не штеди зборови во критиките упатени кон Пригожин, кого го опишува како психички нестабилна личност и воен злосторник.
„Најавите на Пригожин дека фронтот ќе пропадне без ‘Вагнер’ се пример за бесрамна криминална самопромоција“, тврди Стрелков и додава дека верува оти видеото во кое ја повикува Москва за недостигот на муниција е направено пред две недели,напиша Гиркин.
Тој понатаму наведува дека влијанието на „Вагнер“ врз настаните на бојното поле, всушност, било прилично мало, затоа што, според него, битката што ја водат за релативно мал град во Донбас, мислејќи на Бахмут, не е толку важна воено. Освен тоа што не е одлучувачки за текот на војната, „доведува до огромни загуби на борци“, пишува Стрелков. Сето тоа, додава Стрелков, ѝ дава време на Украина. Во друга објава го нападна и самиот Пригожин.
„И малку повеќе за ‘Вагнер’. Според мене, ‘Вагнер’, по завршувањето на нападот на Бахмут, не може да се повлече од фронтот или да се распушти“, вели тој додавајќи дека единицата треба да се реорганизира за да може успешно да се користи колку што е можно во иднина. Сепак, Пригожин треба целосно да се отстрани од врвот на ‘Вагнер’“, додава тој.
Стрелков нагласува и дека политичките амбиции на Пригожин само му наштетиле на „Вагнер“
Гиркин пред неколку месеци беше осуден за соборување на летот „МХ17“ во 2014 година.
Драган Мишев / Цивил Медиа