ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

March 22, 2023 14:21
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ИНФО ПИТ

Народната банка е домаќин на Годишната конференција на Виенската иницијатива, којашто се одржува на 23 и 24 март во Скопје. Ова е еден од најголемите годишни собири во областа на финансиите во Европа, којшто за првпат се организира надвор од границите на Европската Унија. На годинешниот форум учествуваат гувернерите на централните банки и првите луѓе на регулаторите на банкарските системи во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈЕ), претставници на Меѓународниот монетарен фонд, Европската комисија, Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Светската банка, како и претставници на најголемите банкарски групации присутни во регионот. 

Виенската иницијатива обезбедува платформа за носење одлуки и координација заради спречување на системските банкарски ризици, како и за услови за непречени кредитни текови во економиите во регионот. Виенската иницијатива 1.0 беше формирана за време на првиот бран на глобалната финансиска криза во јануари 2009 година, по што прерасна во Виенската иницијатива 2.0 за постигнување практични резултати преку следење и известување за процесот на раздолжување меѓу банките, следење на стратегиите на матичните банки во регионот, нивната кредитна активност, следење на нивото на нефункционални кредити и мерките коишто регулаторите во земјите од регионот ги преземаа заради справување со постикризното високо ниво на нефункционални кредити.

Во текот на овогодишната конференција, ќе се разговара за важни теми, меѓу кои за клучните предизвици за монетарната и фискалната политика во време на инфлација, предизвиците за банкарскиот сектор, зелената транзиција, влијанието на ризиците од климатските промени врз финансиската стабилност, современите трендови во финансиите, за дигитализацијата и развојот на финтек-секторот. 

На почетокот на Конференцијата ќе се обрати гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, како и претседавачот на Виенската иницијатива, гувернерот на Централната банка на Хрватска, Борис Вујчиќ. Јавноста ќе може да ги проследи нивните обраќања, како и првата панел-сесија под наслов „Клучни предизвици за носителите на политики ‒ Монетарната и фискалната политика во свет на висока инфлација” на следнава врска https://www.youtube.com/watch?v=O8E0PuiRTV4  (на англиски јазик).

Tags: „Виенска иницијатива“НБСкопје
Next Post

Повеќе пари во џебот на граѓаните, со МојДДВ продолжува борбата за намалување на сивата економија

НАЈНОВО

Косово со зголемен пораст на самоубиства, организации бараат поголема поддршка за маргинализираните групи

August 20, 2025

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk