Министерката за надворешни работи на Германија утре ќе престојува во посета на Северна Македонија.
Бербок во Скопје ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со шефот на дипломатијата Бујар Османи, како и со други претставници на владата, опозицијата и парламентот.
Германското Министерство за надворешни работи соопшти дека главниот фокус во разговорите ќе биде на пристапувањето на земјата во ЕУ, а особено потребата за уставни измени како неопходен чекор кон Унијата.
По посетата на Скопје, Аналена Бербок во петок ќе отпатува во Грузија.