Во следниот период на финансирање, кој ќе започне во 2028 година , ЕУ мора да ја подготви својата Заедничка земјоделска политика (ЗЗП) за да се приспособи за прием на земји-кандидати за членство во ЕУ, изјави државниот секретар на германското министерство за земјоделство Силвија Бендер.
Осум земји, од кои повеќето се од Западен Балкан, во моментов се кандидати за членство во ЕУ. Последни на списокот беа додадени Украина и Молдавија, на кои им беше доделен статусот на замја кандидат во јуни 2022 година.
И во областа на руралниот развој и во основната структура на поддршка од 2028 година, рече таа, „треба да размислиме како да ги вклучиме кандидатите за пристап и да ги интегрираме во европската земјоделска политика“.
Според Бендер, проширувањето би можело да има големи последици за тоа како е структурирана заедничката земјоделска политика на ЕУ во иднина.
На пример, финансирањето на директни плаќања за толку многу дополнителни фарми веројатно ќе претставува значителни предизвици за програмата за субвенции од повеќе милијарди.
„Доколку Украина се приклучи, тогаш системот на директни плаќања каков што го имаме денес дефинитивно повеќе нема да функционира“, рече државниот секретар.
Од перспектива на Украина и на другите земји кандидати, адаптирањето на стандардите за производство на ЕУ, исто така, претставува предизвик.
Украина но ки другите земји кандидати на пример, досега во голема мера се потпираше на квалитативните методи на производство, додека Брисел, како дел од заложбите на Европскиот зелен договор, поставува сè поголеми барања за земјоделството кога станува збор за заштита на животната средина и климата.
Себастијан Лакнер, професор по земјоделска економија на Универзитетот во Росток, истакна дека има многу структурно слаби региони со мали фарми во земјите каднидати за членство – факт што мора да се земе предвид при идната распределба на средствата.
Според мислењето на експертот, едно решение би можело да биде да се поправат помалку правила на ниво на ЕУ, а истовремено да им се даде на земјите-членки и регионите поголема слобода да ги приспособат мерките на локалните услови.
Пишува, Борјан Јовановски
Извор: НОВАТВ