Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов денес ќе присуствува на промотивниот настан „Отпадот е само отпад доколку не е обработен” – со циркуларна економија – до храна, енергија и други производи во винаријата Бовин, Неготино, со почеток од 12:00 часот.
Настанот е наменет за формално претставување на процесот на собирање отпад создаден на виновите лози, со користење на роло машина, со која се оптимизира процесот на собирање и балирање на искастрените гранки, кои понатаму ќе се користат како ресурс за добиван е нови производи. Претставениот модел е атрактивен и може да биде основа за воспоставуване соработка мегу приватните компании и општините со јaвните комунални претпријатија.