Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната работна средба со заменик-шефот на Мисијата на Американската амбасада во Скопје Ерик Мејер и членовите на делегацијата, упати благодарност за досегашната соработка и поддршка од САД години наназад, конкретно во делот на зајакнување и модернизирање на капацитетите на МВР.
– Во делот приоритети и цели на МВР, министерот Спасовски ги посочи борбата против сите облици на организиран криминал и борбата против тероризмот, за што констатираше дека овие цели успешно се спроведуваат, а постигнатите резултатите се на високо ниво, известуваат од МВР.
Заменик-шефот на Мисијата Мејер му се заблагодари на министерот Спасовски за денешнава средба како и за континуираната одлична соработка на земјава со САД во повеќе сфери од општествениот живот, пренесувајќи ја заложбата на американската Влада и Амбасада за поддршка и интензивна соработка и во наредниот период.