ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Местото на Северна Македонија е исто како и местото на нашите други партнери на Западен Балкан во Европската Унија

March 26, 2023 14:47
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Фото:  ЕПА/МИА

Фото: ЕПА/МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за надворешни работи на Сојузна Република Германија Аналена Бербок во четвртокот престојуваше во официјална посета на Северна Македонија на покана на нејзиниот колега шефот на дипломатијата Бујар Османи.

 

Главниот фокус во разговорите беше пристапувањето на земјата во ЕУ, а особено потребата за уставни измени како неопходен чекор кон Унијата.

Во таа насока е и соопштение за печат на министерката Бербок, пред нејзиното поаѓање за Северна Македонија, објавено на Фејсбук страната на Амбасада на Сојузна Република Германија во Скопје коешто ви го пренесуваме во интегрална форма.

Местото на Северна Македонија е исто како и местото на нашите други партнери на Западен Балкан во Европската Унија. Дека сме сериозни во врска со тоа, за тоа не би требало да постои повеќе никаков сомнеж најдоцна од официјалниот почеток на пристапните преговори со ЕУ во јули 2022 година. Големите надежи и очекувања што луѓето во Северна Македонија ги поврзуваат со пристапниот процес за нас претставуваат и шанса и опасност истовремено: опасност, бидејќи може да ги изгубиме Македонките и Македонците за Европа доколку ние како ЕУ ги разочараме нивните очекувања и покрај сиот напредок и делумно болните компромиси што ги направија во изминатите 17 години. Шанса, бидејќи сите учесници во процесот на проширувањето на ЕУ се свесни за што станува збор во суштина: за иднина во европското семејство, за регион со стабилна благосостојба и мир, за самоопределба. Можам добро да разберам дека токму околу прашањата за сопствениот идентитет, сопствената историја, јазик и култура, дискусиите во Северна Македонија се водат со срце и страст – и кај нас тоа не е поинаку и важи секако токму за начелните прашања како промена на уставот. Но, искуството покажува: во такви ситуации вреди да се стави настрана партиско-политичката калкулација, човек да се води од јасната цел и одлучно да се бори за тоа. Широка поддршка во Собранието на Северна Македонија за промена на уставот би испратила сигнал не само во самата земја, туку и надвор од неа, во целиот регион: апсолутно го сакаме приемот во ЕУ и правиме сè што е потребно од наша страна за тоа.

 

Tags: Аналена БербокЕвропска Унијапристапни преговориуставни измени
Next Post
Фото: Влада,мк

Владина делегација оддаде почит и положи цвеќе во чест на бранителите, а по повод 22 годишнината од настаните кај тетовско Кале

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук на Африм Гаши

Гаши во Турција прими „Глобална награда за дипломатија“

November 9, 2025
Project Stargate. Фото илустрација генерирано со ВИ

Што е проектот „Stargate“ – мегапорталот кон иднината на ВИ вреден 500 милијарди долари

November 9, 2025

Втор круг локални избори во 18 општини во Косово, воведени дополнителни безбедносни мерки

November 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk