Алијансата за Албанците денеска обвинi дека содржината на Законот Јавно обвинителство поднесен во Собрание е различен од тој за кој се договориле со Министерството за правда.
Пратеникот Сурија Рашиди го успори членот 110 кој предвидува материјалите од „бомбите“ да не служат како докази за нови обвиненија. Според нив овој член значи амнестија за криминалот за што нема да се согласат никогаш.
„Вистина е дека Алијансата водеше преговори со Министерството за правда и имаше свои забелешки на драфт верзијата, но и голем дел од нив беа прифатени, ама она што стигна во Парламентот драстично се разликува особено во членот 110 каде се предвидува амнестија, а ние никогаш нема да прифатиме закон за јавно обвинителство кој овозможува амнестија”, изјави Сурија Рашиди.
А.Зеќири