ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во Хаг почна судењето на водачите на ОВК, марш во Приштина „Слободата има име“

April 3, 2023 12:56
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН

Воочи судењето на поранешните лидери на ОВК Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, вчера во Приштина илјадници луѓе маршираа во знак на поддршка на поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово, а денеска Албанци од дијаспората маршираат во Хаг под истото мото. Во Хаг денеска започна судењето на Тачи, Весели, Селими и Красниќи, кои се обвинети за заеднички злосторнички потфат, како што се убиства, тортура и сурово постапување во периодот 1998-99 година.

Ова е дел од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од темите во албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

Репортери: Во Хаг денеска почнува судењето на водачите на ОВК

„Денеска почнува судењето на поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово, Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими.

Тачи, Весели, Селими и Красниќи се обвинети за заеднички злосторнички потфат, како што се убиства, тортура и сурово постапување во периодот 1998-99 година.“, пренесе косовскиот дневник Репортери.

РТК: Албанците од дијаспората денеска протестираат за поддршка на ОВК

„Голем број Албанци од различни земји на Европа тргнаа на патот кон Хаг, за да излезат во поддршка на поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово, на кои им се суди во рамките на Специјализираните совети.“, пренесе косовската РТК.

Лајми нет. :Во Приштина вчера илјадници граѓани протестираа под слоганот „Слободата има име“ воочи судењето на лидерите на ОВК во Хаг

„На маршот „Слободата има име“  со собра многу луѓе од цело Косово, но и пошироко. Според организаторите, на  маршот имало околу 100 илјади граѓани кои марширале за правда за ослободителите.

Преку овој марш граѓаните, ја пренесоа пораката за барање правда за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово, на кои се уште им се суди во рамките на Специјалниот суд  во Хаг.“, пренесе косовскиот портал Лајми нет.

АЛБАНИЈА

Шќип: На 23,4 илјади Албанци им е наредено да ја напуштат Европската унија во 2022 година

„Во текот на 2022 година, албанските државјани на кои им било наредено да се вратат од земјите на Европската унија биле 24.395, што е бројка за 8,05% повисока од онаа во 2021 година, каде што на 22.470 Албанци им било наредено да се вратат од земјите на ЕУ, покажуваат податоците објавени од Евростат и обработени од Монитор.“, пренесе албанскиот портал Шќип.

Јава Њуз: Експерти од Британија доаѓаат во Албанија за да ги откријат причините за масовното иселување на младите

„Велика Британија ќе испрати експерти од добротворни институции и социјални работници во Албанија за да ги дознаат причините поради кои Албанците ја напуштаат земјата.

Британските медиуми пишуваат дека претставници на институциите ќе вршат студии и ќе комуницираат со албанската влада во врска со феноменот на иселување.“, пренесе албанскиот медиум Јава Њуз.

КОЛУМНА

Перископи: „Маршот за правда“- повеќе против Албин отколку против Хаг“

„Иако се чини дека маршот е знак за политичка демонстрација против одложувањата и пристапот до меѓународната правда за четворицата поранешни лидери на ОВК, тој всушност се претвори во политичка дебата меѓу приврзаниците на власта и опозицијата.

И имаше некои јасни знаци дека демонстрантите имале повеќе врска со владата отколку со меѓународната правда.“, извадок од колумната „Маршот за правда“- повеќе против Албин отколку против Хаг“, од албанскиот автор Меро Базе, објавена во медиумот Перископи.

Д. Тахири / ЦИВИЛ Медиа

Tags: Албански медиумимедиумирегион
Next Post

Британско разузнавање: Русија се обидува да го врати угледот на бригадата по своите неуспеси во Украина

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk