Во Велес вчера полициски службеници го привеле О.Т.(31), осуден на казна затвор од 11 години и 10 месеци за сторени кривични дела по член 215 и член 237 од Кривичниот законик.
Од МВР денеска соопштија дека O.T. бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на осум месеци од казната.
Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.