Преживеаните во еден од најсуровите концентрациони логори за време на војната во БиХ се бесни што на негово место ќе се изгради воен музеј, пишува Евроњуз.
Нивниот гнев е уште поголем поради фактот што музејот нема да ги одбележи нивните страдања, туку ќе и оддаде почит на војската што ги држеше против нивна волја, вклучувајќи ги и малтретирањата и убивањата на затворениците.
Замислете германските вооружени сили да имаат свој музеј во поранешен концентрационен логор? Тоа е одвратно, изјави Един Батлак, шеф на здружението на поранешни логорски затвореници, за Еуроњуз.
За време на опсадата на Мостар во 1993-1994 година, Хрватскиот совет за одбрана или ХВО го формираше логорот Хелиодром. Некогашниот комплекс на воената авијација беше претворен во затвор и го користеше ХВО за приведување на локалното население за кое тие сметаа дека се против нивната кауза, но и како средство за ширење страв меѓу локалните жители.
Во периодот на постоењето на логорот, таму биле затворени околу 10.000 луѓе, главно мажи, но и жени и деца. Најмалку 54 лица се убиени или починале од тортури вршени врз нив.
Г. Т.