Во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, во текот на вчерашниот ден се санкционирани 648 возачи.
Од нив, информираа денеска од МВР, 24 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 345 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 303 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.