Нов смртен случај во битолската болница откако почина бебе за време на породување.
Според информациите, родилката отишла на контрола, каде што од гинеколог ѝ била дадена таблета за провокација и била пуштена дома. Кога се вратила и се пораѓала, бебето било во тешка и лоша состојба. Неофицијално, постоел обид за реанимација, кој бил неуспешен.
Претходно немало никакви компликации со плодот, ниту пак мајката имала какви било здравствени проблеми во текот на бременоста.
Министерот за здравство Фатмир Меџити е во вонредна, претходно ненајавена посета на болницата.
Пред три недели, во битолската болница почина и петогодишната Јана Христовска. Резултатите од обдукцијата и натаму се чекаат.